Женски..ве молам кажете ми каде можам да си купам Target ранец за на училиште или ранци вака нешто поинтересни а помали ко за на училиште.. Многу ми треба
Женски има ли уште останато од балетанките во Рамстор во продавничката во подрумот,да не идам за џабе накај Скопје?
Зависи каде живееш.Ако си од Скопје,имаш во Бисер во Аеродром во неколку продавници,ама во книжарата Смајли ти е најевтино.Таму држат и Таргет и Стрит
Каде во Скопје,да си купам некое вакво ,симпатично ранче. Да не е премало,ниту преголемо. Онака да собира 2-3 големи тетратки и книга на пример, со цената да е некаде до 2000 ден. Не знам каде да барам освен во Accesorise,Accesorize i Miss Spice (тоа во ГТЦ и во Веро центарот)
Незнам дали е за тука прашањето... Ама ми треба ваква тренинг торба-машка...(од Addidas, Nike, Puma Небитно) За роденден за дечко ми... Да не сте виделе негде да се на попуст... Еве вакво нешто на пример... Бев во Nike пред Гтц што е над 4-5 000 се.... Некако многу ми се... Толку ли се движат навистина?
Вип, ако си за убава квалитетна, оди во книжарите на Просветно дело, тие се застапници за Шпански Габол, имаат преубави и според мене доста квалитетни вакви спортски торби, јас летово земав една со средна големина, 1199 денари чинам беше, имаат и малце помалечки, беа некаде околу 700-800 денари. За НАјк, Адидас и слични оригинали, скапи се(дури и прескапи ) А можеш и со многу поефтино да си поминеш, има по пазари, ама квалитет голема нула Едит, мојата е ваква само тегетна
Каде низ Скопјево да најдам црни затворени штикли со златни мотиви на нив? Вака нешто.. Не мора исто, туку отприлика да знаете што барам .
Феминки каде има нешто слично ко од сликиве, нели по пристојна или ефтина цена : ) Уствари, барам некое елегантно класично топче или кошулче : )
Сакам да купам фармерки од овие новиве шо се со висок струк, со петличиња .. доколку најдам слика веднаш ке ја ставам.. Дали некој од вас женски знае каде можам да најдам низ Битола и Прилеп