Девојки барам ваква кошулка или блузичка со ваква крагња... И оксфордки некои за поевтина цена, дека пред некое време во Графити гледав беа 3300... Ту мач...
Jас ти ја препорачувам City optic, се наоѓаат во трговскиот беверли во капиштец, и во гтц на втори спрат веднаш до вартекс и шевињон кафичот што гледаат накај жена парк, поздрав се надевам убаво објаснив
Веќе пишав и претходно.. во Макпримат има многу убави.. и со 3/4 ракави на попуст се околу 1000, а долгите 1800... мн убави се, квалитетни...
Ќе се цитирам самата, зошто е доцна за редактирање, па... Има некој кој видел вакви? Видов дека сте постирале за оксфордките дека имало во Струмица, ама јас сум од Гостивар па ако може да ми кажете каде и дали има некаде во Скопје, зошто во Гостиваров ништо нема...
Дали некој од вас во скоро време бил во Певекс и Пренди да ми каже дали има машки блузи или џемперчиња?
Јас ги имам купено од Шутка, ама поодамна беше тоа беа околу 600 денари (баш исти се како што беа постирани погоре кремавите).. верувам дека ги има уште, ги имаше и преку летото... инаку ги има и низ чаршија, ГТЦ по продавничките за чевли, ги имам видено во таа што е на влезот на ГТЦ.. ама поскапи се (кожни).. http://www.facebook.com/adesotrend?ref=ts http://www.facebook.com/swan.shoes?ref=ts Има по нешто донесено во Певекс, не е кој знае каков избор, бидејќи уште чистат летна роба, цените им се околу 350-400 денари на блузите со долги ракави...
И во Певекс и во Пренди имаат машки блузи. Во Пeвекс се по-квалитетни како што ми се гледаа, а за џемпери не видов.
Има сега гумени чизми и каде или уште е рано? Незнам што ми текна, такви сакам сеа Сакам некои шарени да најдам по пристапна цена.
Малце касно враќам ама сега видов и знам дека некој бараше. Еве на интернет сосе достава 1100 го продаваат. http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =3&theater Еве го и прстенот http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =3&theater
Sunfemina ме претрка, и јас тргнав да ти пишам за мидер да побараш во Сара фешн. Јас купив од таму пред некое време и перфектен е. Со кратки ногавички е, не е како гаќи, па да ти се оцртува, а и висок е во половината Цената ич не ми текнува колку беше, ако не се лажам околу 400 и нешто денари, ама стварно е супер.
Во поопремен тинекс има мидерчиња на помпеа, јас сум мн задоволна. Ко гаќички се ама воопшто не сечат.