Чизми до над колена, што е најважно со дебела платформа (зошто секоја година купувам некои ептен ниски, а убави и брзо ми се кинат-овде мислам на тенок ѓон) може и на мала штикличка 2-3цм знаете на какви мислам, ама до над колена таков модел. Цена околу 1000. Кај има?
Имам јас такви чизми, лани ги купив од Лептокарија од "Мис Шуз" по цена од 1000 денари. За жал сега во продавницата имаат само летни обувки. Доколку донесат нова есен-зима колекција ќе те известам
Знам за таму, често ја посетувам продавницата ама сега уште ги продаваат летните на попуст. Прашувам каде веќе има донесено, не каде општо има тоа знам.
на зеленпазар имаш мн убави кожни ташни(не е вистинска кожа)иста ваква боја само малце подрук модел купи мајка ми пред некое време..мн ми се допага
Да Дузи, има. Jас па горни не сум ни видела, све на долни налетувам. Eве поточно, во оној на Jугодрво, измеѓу фармерките и пижамите стојат, нема утка.
Пролетоска кај мене во градот во Пренди имаше долни тренерки,сега одамна не сум појдена да видам.НО мислам дека има,можеш да најдеш
Значи во скопјево не можам да најдам нормални кондурчиња, вакви на пример (aма да не се теткести) Видов Алдо ќе има во ск сити мол, само не знам тука колку пари ќе бидат.. Каде има вакви?
Шутка Мол. Ама и на Бит-пазар кај тие продавничињата за чевли има, јас лани од таму си купив за пестотче, баш се фини.
Бит-пазар рулз, па така утре ќе наминам, не знам како успеав тие продавници да ги изумам И в чаршија можно е да имат (ете сега ми текна). Фала Дузи Дузеска
Тerranova 700 денари. Само што се тегет или црни (не сум сигурна) и машната е со риги ( тегет или црни )
Такви нитни имаш по пазар на тезгите за монистри или за конци, вуница и слични работи. А за хеланките знам дека видов во една продавница во Кисела вода, ама незнам ни како се викаше продавницата ни каде точно беше :/ :/ :/
Не знам дали е прашањево во вистинската тема, ама сакам да прашам дали некој од вас знае каде низ Скопје можам да најдам убав, квалитетен шах (дрвен, не пластичен-играчка)