Вакви пижами евтини нема да најдеш.Како првите имаше во Пикокс до пред да го затворат 1000 беа,сега имаше во Пенти ама исто скапички,комплет може 1500 да те фати(одделно се продаваа)а,многу слични на вторите имаш во Стружанка доле во ГТЦ преубави се,ги имаше на излог 1200 се. На женски пазар и во бижутерија ЕМИ кај Буњаковец.
Женски,каде да најдам убави балетанчиња низ Скопјево,да бидат бели,светло розеви,кремасти или сивкасти по цена до кај 300 денари.Какви сака нека бидат,само за едно носење ми се.И најбитно-да бидат големо бројче-40,41. Anyone ?
Види во Хангар (мислам дека така се викаше) на Бит пазар што е, таму имаш балетанки секакви и плус многу се евтини мислам имаше од 160 и 275. Позз.
Девојки барам некоја силиконска заштита за екранот , за ајфон 4с .. дали знаете каде може да се најде?
Можеш да отидеш кај оние кои поправаат телефони или се занимаваат со такво нешто. Ќе ти направи фолија по големина за твојот телефон и ќе ја намести.
женски каде да најдам црна суќња со висок струк тесна..? знам дека ги има на мн места ама јас нигде не сум видела-.-
Памучна, квалитетна, домаќинска гаќа? Не некои чипкани, танги, манги... најкежуал. Прифаќам и таква на принцип 3 за 100, 5 за 150 и слично. Немам отидено по пазариве салам 3-4 месеца и не сум во тек, се наоѓа ли нешто?
Девојки каде можам низ Скопје да си најдам вакво или нешто слично елече на ова има ли на Бит пазар? И по можност да е со прифатлива цена,поефтина де.
Јас си купив убави од Битпазар пред недела дена 3 за 100 ден. На сите тезги беа 4 за 100 ден. ама не ми се допадна квалитетот. Домаќинска јас само бела си носам, па да ти кажам топ ми се погодија.
Можат ли да се најдат уште од тие припиените хеланки (како од црна кожа да беа ) шо беа актуелни пред две-три години и каде?