ми требаат панталони за на работа..црни,кафеави ..имате ли идеја каде можам да најдам по нормални цени?
Мајка ми купи иста ваква само др. боја за 600 ден! Ако ти се верува Неверојатна е за да ископа нешто преефтино а пак убаво. Инаку во Купи Ефтино ја зела...не знам дали ги има во многу градови. Скопје и Тетово сигурно!
Каде има вакви топчиња кои ќе ми ги држат четките за шминкање и случајно да не сте виделе ваков сличен држач за обетки или пак вака нешто
Ако си од Скопје класични пантолони имаш во Марди и Макпримат. Убави не многу класични имаш во Бисер долу, кај вториот пролаз не ми текнува како се викаше продавницата. Јас си земав 1200 денари беа.
Во ГТЦ на 1 кат, во пролазот кај Шевињон има една продавница со македонски производи-конфекција (порано беше Марди, сега е друга, не знам како се вика, но ја имаше претходно во Буњаковец до Дестан), пантолоните се движат околу 800-900 денари и се со убав квалитет. Исто така можеш да видиш во продавниците Купи Ефтино - Павиа, и таму се отприлика до 800 денари (може и поефтино некогаш) ги има на повеќе локации (Југодрво, Беверли, каршии Кинг Бургер, кај Железничка во Острово во кафеавите понови згради).
Kаде можам да најдам еко кожа и во кои бои(по можност да не морам да одам на битпазар)? И силиконско пиштолче, цел град го пребарав не најдов нигде. Ако може и цена да ми кажете?
Силиконско пиштолче можеш во Базаро да најдеш има и лепак за него,во разни големини има пиштолчиња од најмало до најголемо,најмалото негде околу 150 мислам го земав
Девојки случајно да не знаете или можеби сте виделе каде се продаваат Џорданки(патики)во Скопјево,ќе ви бидам многу благодарна ако ми кажете..
Вакви видов денеска во Рамстор, мислам Фиори беше таа големата продавница на 2. кат. Ги имаше во сите бои.
во дм видов некои од по 200-300 ден а има и во рамстор и во трговскиот центар буњаковец по парфимериите(во венеција)поквалитетна во зависност од големините се движат цените од 200-500 ден.
Во Џамбо јас купив пред некое време убава е дрвена мислам дека од 180ден па нагоре зависи од дебелината.