https://www.facebook.com/maskice.sa.zakovicama?ref=ts&fref=ts прашај овде.Праќа и во други држави,ама поскапичко е.
Знам дека сите прашуваат, ама јас никако да запомнам Каде можам да купам црно сако, да не биде многу класично, да има интересни копчиња, каивше и сл. и да е до кај 1000-1200ден. Сте виделе ли деновиве нешто слично вакво И едно прашање, дали вие би дале 2000 ден. за ташна од Дуки Дасо? Бендисав една но ме пишманат дека не вредела за парите, ваше мислење
Дали сте виделе кај Бугарките или негде по пазариве ваков вид на ланче како од десна страна: Значи барам конкретно место, не би да акам. Нормално, нормална цена. 200-300 денари најмногу.
Девојки каде да најдам ваков каиш да може да се врзува околу половина и само да не е со астрономска цена, значи негде до 200ден негде низ Скопјево, итно ми е. п.с иста ваква боја
Вакво со врзување имаше во ТераНова но беа околку 500ден. Сега да провериш во продавниците на ДукиДасо, јас купив од таму но тоа беше во пролетта, незнам дали имаа уште, јас го купив 300ден. Незнам дали има вакви уште бидејќи летово беа ин, дега е повлечена таа роба, но ти пак провери
Купив ташна од Дуки Дасо, беше 1700 па на попуст 1400 и да ти кажам право се разочарав ептен бидејќи многу брзо почна да се уништува и да се лупи материјалот... јас не би дала пак толку пари за нивна ташна
На женски пазар гледав, ама пред месец можеби. Во две продавници имаше, а во едната и во три бои имаше.
Еве description од нивната фејсбук страница MANA во Центар е на самата раскрсница кај гимназијата Јосип Броз Тито, книжарницата Матица и кафе Ин, ние сме одма спроти кафе Ин, имаме реклама која што нема шанси да ја утнете. MANA на Првомајска е кога доаѓате од Центар, по Првомајска, минувајќи ја Кисела Вода, го проаѓате Супер Тинексот и двете бензински од десна страна и на новата раскрсница кај Циментара која што води право накај Драчево, лево Ново Лисиче и десно фабриката Усје, на самите семафори се продолжува право, за патот накај Драчево и на само 50 метри после семафорите ќе не видите од десна страна. Белинда тоа е исто наша продавница со истите производи, тоа е баш во населбата Кисела Вода, во белата зграда до Тинексот, гледа навнатре, кон основното училиште Невена Ѓеоргиева - Дуња и градинката.
во џамбо има вакви папучи. Сакаш баш жирафче или некое друго животинче зошто знам дека имаше во форма на прасиња и баш беа слатки
не е толку битно кое животинче...само да е некое ќе одам да ги видам, и ќе си купам да не знаеш колку пари се? (да знам колку да земам со мене)