^ незнам баш точно мислам дека беа накај 200 -250 ама не сум сигурна. А некој да не знае кај има фустанче како ова број 5 што е? и отприлика колку пари е?
Каде да најдам „крофна“ за пунџа со која од репче се прави многу лесно и убаво пунџиче? Гледав по видеата на Youtube и блогерките дека многу се користи, а и кога бев во Солун на шопинг последен пат вриеше од такви секакви големини и бои (јас се чудев незнаев како се ставаат и ме нервираа па не купив). Како и да е, кој знае каде има нека ми каже, да не лутам по продавниците за џабе. Еве на вакво мислам: И фала однапред.
Во Џамбо или Дм маркет. Во едно од овие 100 посто гледав, само не ми текнува точно во кое. Провери и во двете, за секој случај . Инаку, мене ми треба итно вакво крзнено по најефтина можна цена. Некаде до 1000 да биде. Во моментов не стојам добро со пари, а јас тие што ги гледав не беа под 2,500 денари. Било каде да сте гледале низ Скопјево, слободно пишете - вечно благодарна ќе ви бидам!
Во Џамбо има 100% не сум многу сигурна ама 300ден. мислам дека беа. Има во форма на куче, маче, жирафа, прасе и незнам.
Или зимаш чорапа, и го сечеш тој делот кај прстите, ја виткаш и си правиш крофна. Јас вака цело време си терам, и така таа чорапа распар ми беше
Вакво можеш и од чорап да направиш.Само оној делот кај прстите ќе го сечеш и ќе го намоташ,ништо нема да се примеќа
Здраво девојќи Сакам да прашам дали постојат хулахопки со месо боја кои ќе ми го потскријат целулитот (барем малку од малку) ?? Планирам да наминам во Сара Ф. но и давам предност на фемина Фала ви однапред
ОК ја сакам да прашам да не видел некој плишани штрумфчиња било која големина па и цена.најмногу би го сакала љутко али сепак било кој од нив ќе ми значи ептен многу.фала ви многу.
Во Бисер, има продавница за играчки од таа страна веднаш до катната гаража (до продавницата има паланчикара), во средина помеѓу кафич и кафаната СиФ. Леле како ти објаснив, нз дали ме сфати Ги имаше повеќето штрумфови, прекрасни беа, малку помалите беа околу 350-400 ден, поголемки 650-700 ден. Се надевам ме сфати.
Знам за тоа ама ова е приближно што можев да го најдам за да казам што сакам А инаку материјалот што го сакам е малку постегнат од овој и мислам дека нема толку брзо да се направат топчиња
едно време гледав на зелен пазар имаше...баш и јас сакав да си купам, ама не ми се свиѓаа некако...можно е уште да има... Spoiler јас љутко го имам од McDonald's...нели еднаш ги даваа со оброк заедно
дали мозе да ми казете каде мозам да купам или нарацам македонски дрес со свое презиме некоја спортска продавница несто така
Купи дрес од продавница (подрум ГТЦ или другата продавница горе на 2 спрат ми се чини), и потоа однеси го кај овие што печатат маици и ќе им кажеш што и како сакаш да стои на дресот.
Каде низ Скопје можам да најдам некои вакви поефтини пантолони/хеланки што ќе имаат патенти како џебови? и вакво ланче?