Девојки да не знае некој од вас како се вика продавница во кавадарци каде се продавале од оние чизмите како гофи по 850 денари биле
Девојки да ве прашам дали во City mall има Aldo продавницата за чевлии или општо во Скопјее...ме интересира која им е цената на овиее
^^ Ги имаше во Алдо овие. Баш ги гледав. Цената беше или 5.500 или 6.500, не сум сигурна. А продавницата Алдо ти е во новиот CityMall. ilovecupcake такви панталони, бордо боја, со патенти имаше во певекс. Не знам кој број носиш, ама имаше само три пара останато.
незнам колку поевтино сакаш, ама исти вакви имаш во таа продавницата Тип Тап во Рамстор најдоле што е 990 денари се
Баш вчера видов вакви варијации на “ланчиња“ во Ботони во ГТЦ, ама само на поминување на излог, не знам цена.. (но познавајќи ја продавницава, гарант не се баш приступачни )
Да знам за од интернет,ама поубаво е во живо кога ќе го видиш,зошто алка веќе најдов. Ете денес шетав,барав...а во Ботони не влегов. Ништо ќе одам утре.
Имаш во Penti од тие што затегаат 350 денари се и не се познава ни целулит ни стомак ни ништо. Од искуство ти кажувам и што е доста добро многу ретко да ги закачам, што кај мене тоа беше секојдневие пред да ги откријам овие
Каде во Скопје може да се најдат од тие крофните за пунџи ама голема? Јас имам ама мала е, и грдо ми стои некако па сакам голема бујна да си најдам. И пари?