Пред неколку месеци си земав баш такви патики околу 700 и нешто денари беа во Converse во Мавровка, провери си
Можеш да видиш во Мак примат..ако не најддеш најубаво ти е да сошиеш. Јас речиси секогаш шијам и 3 пати подобро и поефтино е
Малку сум офф, ме интересира што мислите за квалитетот на овие чизми? Ги има и во Страдивариус кај нас, и во Солун, само 10 евра помалку, па се мислам да ги порачам преку другарки утре, ама сакам шиена и поасална чизма, а неможам да го утврдам квалитетот на чизмиве, и барам помош. Ако мислите дека не се шиени и квалитетни, каде да најдам такви и по која цена тука кај нас? Фала
Здраво на сите. Ме интересира дали некој знае каде би можела во Скопјево да најдам ваква Raglan маица. Би ми било од огромна помош доколку некој знае! Фала однапред. http://www3.images.coolspotters.com/pho ... rofile.jpg
Во Лептокрија има една продавница незнам како се викаше напред е нема шанси да не ја видиш, сигурно ги имаше истите пред околу еден месец, сега не знам, но провери си
Не верувам дека има кожни чизми во Страдивариус така да и овие не се кожни, а ако не се кожни џабе е и да се шиени и да се лепени пак ќе ти пропуштаат. Ако ти се за суво време нарачај си ги, но ако планираш по снегови и дождови да ги носиш јас искрено се сомневам во квалитетот, само кожна чизма и оние ко шушкавец што се се издрживи на снег, ова од искуство после сменети 321983190 пара чизми кажувам. Јас имам едни чизмички од Страдивариус и ги носам веќе 3та година, есен и пролет, мука немаат, сугурно и наредната година ќе ги носам, но не држат топло, не се кожни, и пропуштаат вода. Буквално може да ми смрзне ногата ако ги носам по снег или на многу ладно суво време.
Ми треба убава и квалитетна чанта по можност кожна. Знаете ли дали во Дуки Дасо, Дока имаат кожни и како се движат цените. Секако ако знаете и друго место каде можам да најдам кажувајте
Во Дока не се кожни и се скапи како за ташна од еко кожа, по 2000-3000 им се движат цените. Ако си подготвена да дадеш повеќе пари јас би ти ја препорачала Мона, преубави ташни имаат, кожни и многу квалитетни. Друга опција ти е да си разгледаш низ чаршија, знам дека има кожни чанти ама незнам цена.
Значи незнам кој баксуз сум, во АБ во тц бисер бев за оваа алка и ми вели само сребрени има, последните сабајлево се продале. Девојки,ве молам ако видите некаде кажувајте-спасувајте.
Јас пред 4 години си купив црна кожна ташна од Мона, ја носам цело време и се уште е како нова. Ја платив 5400,00, ама не жалам. Летово си земав исто бела кожна ташна, исто од Мона, беше околу 4500,00. Навистина е можеби многу одеднаш да дадеш толку пари, ама ќе ги изнаносиш. Претходно имав купено неколку ташни од Авон, тие беа по 1200-1500, се распаднаа за три месеци. Инаку денес шетав низ град и видов дека во Алпина (на плоштад, на местото кај што беше Сева), на излогот пишуваше попуст од 30-50% на кожни ташни, ама не влегов да ги видам моделите. Исто така кожни ташни имаше на попуст во Горица Трејд (во ГТЦ на прв спрат), мислам дека околу 3000,00 беа. Би те советувала да побараш ташната да биде од телешка кожа, поиздржлива е. Јас кога ја купував црната ташна, се двумев помеѓу ташна со мазна кожа или со нерамна. Продавачките ми објаснија дека мазната кожа полесно пука и лесно се гребе, па остануваат траги. Нерамната кожа подолго се обработува и се пресува, не пука и не се познаваат гребаници. Ги послушав и се уверив дека беа во право. Бидејќи не знам убаво да ја опишам нерамната кожа, најдов сликичка на нет.
^Уште утре одам таму, фалаа.Се надевам не се прескапи како во ботони Да постирано е за Ботони, ама таму ми е скапо 1500ден Од ФБ, ризично е дали ќе ми стигне за датата за коај ми треба.Од девојките на фб што продаваат. А од моја гардероба,на 2те девојки што им пишав не ми одговорија. Во град секаде каде можев барав....да знаев немаше да пишам