И јас барам вакви,ама или се со крзно,или ми се гломазни напред,баш вакви не најдов Бев во Аванти,ама со оглед на нула квалитетот таму,не ми се купува,а и моделот не е баш ваков. Ми требаат на крем,ама да ги најдам ќе земам каква боја и да има .
^Бит-пазар дами, во тие продавничките таму што се, 2-3... таму до Про-кредит, зад, пред... Ели мислам ќе се снајде, Црешата да пази да не лупне куп пари за џабе негде низ центар ако не се снајде овде. Видете и во Тип топ, немам влезено одамна таму, не сум минела, ама добри моделчиња имало и не биле скапи. И јас вакви пробав во Велес, (ако ве интересира де ) 1200 беа.
Видете за вакви во Буњаковец во една продавница веднаш до Комерцијална банка, јас лани од таму исти си купив, многу се погодија и не беа скапи...мислам дека и сега ги има.
Провери низ чаршија, околу 1000-1200 денари, има во повеќе бои баш прееска ги видов, ги има низ сите продавници за чевли (квалитет што знам, мораш сама да видиш, зависи дали планираш на снег или за суво време)
Кај можам да најдам од оние широчките дебели џемпери што се, (не туника), во V дизајн и со едно голо рамо? Знаете за какви зборам. Ако не да побарам слика по нетов.
Женски, каде би можела да најдам вакви чизмички во Скопје, ама до кај 2000 денари? Или вакви некои? Фала однапред и имајте убав ден
Spoiler На пауза тркнав до Битпазар ,во првата продавничка после Прокредит,имаше,1100 беа,ама не ми фатија око,а ни на квалитет не беа барем просечни После неа,има продавница продаваат и на Биана,имаше повеќе избор,и баш беа со крзно како што сакаш Црешичка,и од надвор и од внатре целите,имаше само на крем беа 1550ден.Јас пошто барав без крзно,не ги зедов,ама ако не најдам во скоро време ќе се вратам по нив
Spoiler Вакви модели има во Буњаковец во продавницата до Комерцијална банка и Еми бижутерија. За цената не сум сигурна ама не беа повеќе од 1500 ден.
од оние капите, беретки (или како се викаат) гледав во теранова, ама само бели и розеви....сте виделе некаде сиви или кремасти??