Каснам со модава една година, ама осмислив добра комбинација и ми е потребно да си купам крзнено елече до утре. Цената до кај 1000.
^ Црна варијанта на елечево, имаш во Бебел фешн (поранешно Мана). Цена 1100. Верувам дека 100 денари мање више не ти играат некоја улога, затоа што елечево е преубаво! Spoiler
^anabel-a во Бебел бев баш вчера ама не го видов овој.. таму им се мотам како гладен пред фрижидер, секој ден си проверувам по нешто ново да не донеле. Фала во секој случај, утре пак ќе си ја пробам среќата.
Женски, продавница на Ранерс низ Скопје, т.е. кај што има производи на Ранерс? Освен ГТЦ, таму видов, и во Автокоманда видов.
Ќе најдам ли некаде целосно црна марама од овој материјал? Или некоја зимска марама, ама црна да биде Spoiler Кај да барам, по пазарчињата?
Вакви шалови во скопје по попристапна цена кај може да се најдат? Лани сестра ми си купи за 350 а сега се 1000 во истата продавница... Spoiler
Вакви џемперчиња можност Ск или Прилеп и ако имате видено убава маска за Сони Ериксон Хпериа Х8 со море или со небо???
Девојки, каде можам да најдам чизми во Ск докај 3000-3500 денари, со подобар квалитет? Сити Мол, се наоѓа нешто? Итно ми е да знам.
каде може да најдам ваква слична маица, или со натпис ,,In crazy LOVE'' ... или каде може да отидам да ми залепат таков натпис, да не знае некој???
Овие чизми се прават во Велес по нарачка од крзнарата Димко Митрев и се со природно крзно коштаат 2400 ден. Исти се како UGG ама мн поефтини. Сега ќе отвараат и продавница во Скопје во центар до Unique.
За сите што барате чизми, има една продавница се наоѓа до Вучко позади Универзална, ќе му дојде позади Вучко, спроти кафана 'На еснаф кај Даре', продавницата е и книжара, има и играчки, текстил и кондури. Чизми од Баргала, кожни, од 2000 ден. Е сега можеби нема избор од сите броеви, пр. од еден модел има 2-3 броја, ама вреди да се провери.
Во чаршија баш има две продавници со модели од Биана, имаше кожни, можеби лански модели и беа на попуст (зборам за оние рамни доле, на низок ѓон) околу 2800-3000, а новите им беа околу 3800.. едната е до Пеко, а другата е подолу кога се оди према Бит пазар од десна страна се и двете .. а за таа што ја пиша една девојка претходно мислам Хера се вика (ако е таа ) ја имаше и кај Беко.. и се наоѓаат ефтини модели од Биана/Баргала (најверојатно лански модели)