Ваков тип на кошула, некаде низ Струмица, евентуално Штип. Не мора да е на попуст, само да е со таква јака.
Во Stradivarius во City Mall гледав дека имаше, цената мислам дека им беше некаде околу 2500 (ама не сум баш сигурна) и многу беа убави, кремасти, со каиш на половина, со копчиња така поголемки, ептен убави се...
Па доколку не ти е битна цената, јас би ти препорачала да си порачаш од некоја фб. стана, од кај ова девојкиве што порачуваат, посебно вакви кошули со вакви јакни имаш преголем и преубав избор, само што се многу соленки.
Мишела, не знам дали во Штип си влегла во бутикот Нина. Се наоѓа на едносмерната, некаде спроти Казабланка, до Ин кај се продаваат обувки. Провери таму, можеби нема да го најдеш стрикно оваа кошулче, ама тука нешто
И јас вака нешто прашував тука да ми пишат, само сакав да биде во V форма. Па и било каков со голо рамо, ама никој ништо не ми одговори.
Јас денес си земав од Дора, има 3 продавници во ГТЦ, имаше од Бијана и Примо (словенска фирма) обувки, цените се таман за квалитетна чизма, од 2000 нагоре. Зборам за ниска, не потпетица оти мене за шпартање по снег ми требаа.
Девојки, ве молам да ми каже некоја од вас дали видела во кинеските од овој модел црни? Знам дека во таа кај Универзална и во ГТЦ нема а во Скопјанка има само број 35. :
прашањево може не е за тука, ама знае некој дали го има ова низ скопје,каде и цена? http://www.shespeaks.com/pages/img/revi ... 113001.jpg
Знае ли некој каде можам да си најдам војнички фармерки (со војничка шара, знаете за кои зборувам)? Ама цевка сакам да бидат а не оние како панталони што се широчки... Знам во сити мол дека има ама многу се скапи таму, и во мотиви имам видено ама не ми се свиѓаа тие имаа некои циркони...
кај пазарче има една продавница (прошетај таму меѓу зградите ке ги најдеш), таму штампаат маици какви сакаш, може да те фати негде 200-300 денари штампањето (сега зависи колкава ке биде сликата може и малце повеќе да е ако е на цела маица), и маиците им се 200 ден. и 'многу квалитетни', така ми кажа тој таму што работи кога прашував.
Девојки ВЕ МОЛАМ итно за одговор ,каде можам да најдам пластични чаши прозирни (не во боја) какви што даваат во авион за сок,кафе итн. ми требаат за промоција за понеделник на пример нешто вака
Види си во Веро во маркетот или во Џамбо ...ако нема таму,види во пластичарската улица,таму би требало да има
Ич не се квалитетни,печатев јас.Ни случајно од таму,знаете каква се направи целата.. Мислам,може мене така ми се погодило,ама...
Ваков стил на рамка , значи една целина да биде со повеќе делови .Видов во CITY M во таа најгоре продавничката како гифт шоп што е ама беше поскапичка .