Spoiler не знам колку е соодветно тука да прашам but i'll try шала на страна префрлете го мислењето ако е потребно каде можам да најдам керамички садови за суфле ако знае некој да ми кажеее http://www.youtube.com/watch?v=GuTqoBy98t0 еее вакво нешто
Убави, лесни (значи не премногу тврди при газење) патики за вежбање? Во Борис Трајковски има избор некој? Јас одамна не сум била.. Не ми требаат некои кој знае колку нови модели, битно ми е да се добри.
Имаш избор Анабел-а ама цените не се воопшто различни од салоните кои што ете не се аутлет. Се движат околу 2-3 000 денари, знам дека баш вчера дечко ми купуваше патики за фудбал и прошетавме прилично.
Ваков фустан во Скопје , Прилеп , Струмица ? Може да биде и на долги ракави , корсет ... само да биде бел до колена и тесен .. ????? Ии не мора на попуст не е важна цената . ????
Пошто гледам и прашања кои не се поврзани со мода, се надевам моево нема да го избришете, оти барам и на попуст да е! Тоник за лице, до 200 денари да е. Не сум користела, и многу ме интересира кога ќе тргнам утре во потрага дали треба некои карактеристики да ги има, ил не.
Незнам зошто ми го избришале постот, па ајде пак да си прашам: Каде во Скопје може да најдам ваква слична чанта, во оваа боја со нормална цена?
Каде да си купам не многу голема крем ташна? Да биде до 1500 ден. Има ли нешто такво во New Yorker? И каде да најдам од оние зимски капчиња во форма на мече? Вака нешто,само не од АСОС
Зависи за што ти е потребен, ако сакаш чисто онака за освежување на лицето земи си некој поблаг, ги имаш во ДМ на Балеа по цени од по 125-200 денари, баш се за млада кожа, додуша јас го користам пилингот и многу ми е погоден, а не ми е баш млада кожата, мислам бар не ми е тинејџерска. Имаш и медицински, за чистење на многу проблематична кожа, Клиндацин и Хлорамфеникол, и тие ти се иста цена, до кај 200 денари. Ако ти треба нешто за позрела кожа, пошто не знам колку години имаш, во тој случај ќе ти треба нешто малку поскапо, барем ЛОреал да е, тие ти се околу 200 денари, а може и повеќе. Ако не сакаш да ризикуваш со марките на Балеа земи си го од Гарниер, тие ти се исто до 200 денари, 180 мислам беше. Овие ти се редовни цени, така да имаш доста избор, но исклучиво ако бараш нешто ефтино и за помлада кожа, како врват годините и козметиката си добива на цена и е се поскапа. Иди во Ноел, имаат некои попусти и навистина ефтини кошулки, мислам дека женските беа по 990 денари и со одличен квалитет и дизајн, многу се убави и мислам дека цената не им е лоша.
Бидејќи блузава е мошне едноставна, ако прошеташ негде сигурно ќе најдеш, на пример во Теранова или Калиопе сигурно има многу. А цената би им била над 1000 денари, зависи кај ќе ја купиш. Конкретен одговор немам, треба да се прошета и да се побара
Пудричево кај може да се најде низ Скопјево? Уствари воопшто козметикава, пошто никаде ја немам сретнато
Па ова е обично тенко џемперче. Јас исто вакво само розево земав од Зара, цена мислам дека беше 700 или 800 денари, така нешто. А имаше и на сиво.
Во Сити мол, во Страдивариус имаше вакви, црни и зелени. Ама баш ваков црвен имаше, цената му е 3.400 или 3.500. Мислам дека е прифатливо. Другарка ми купи темно зелен. Кога ќе влезеш во бутикот, веднаш лево се ставени, до касата.