Ми требаат фармерки да не се со низок струк (онаков нормален да не ми гола кичмата кога ке седнам хахаха), да не се тесни надоле да не се смкнати, без везови и дупки. негде до 1500 денари
Ги има на Бит пазар, кај зградата кај што е Атлантик (кога се оди од Бит пазар према полициската станица, онаа тесна уличка со калдрма што води према женски пазар), ќе видиш една продавница за хулахопки, до неа има две продавници за украси, шноли и слично , во првата има бижутерија беа 30 ден. п.с. ама објаснив , се надевам ме сфати...
Ваков пеплум топ, само црн. Видов во Blanco во City Mall, ама немаше бројче за мене.. не мора да е по долги ракави уствари, не мора ни да е црн, само нека е ПЕПЛУМ!!!
Девојки каде можам да најдам вакви ама ниски не мора баш исти,ама ваков модел значи да бидат со врвки и волна да имаат горе,ама ниски..
Во Шутка има какви сакаш од овој тип, ниски, полна пета, на штикла (пониска, повисока, подебела ) евентуално ако те мрзи до таму, имаш и низ чаршија или продавничките кај Бит пазар (ако си од СК).
Каде можам да најдам вакви капи во Скопјево? Видов во Pull&Bear но имаше само зелена и не ме ќејфаше бојата знае некој на друго место каде може да се најде?
Претпоставував дека во Шутка може да има,баш ќе одам да видам не можам да си најдам чизми што ке ме стоплат па се надевм дека овие ке бидат тие барем дека се со волна внатре..
Ти пишува на самата слика,има и во таа продавницата што е CityShoes Битола. Можеш да си ги порачаш преку фејсбук,и да ти ги пратат по пошта.
Побарај во дуќанот до Васидора во ГТЦ на први кат. На тоа место порано беше Коле за кондури продавницата, сега има ташни, капчиња, шалчиња... Јас од таму лани за дечко ми купив баш како оваа на втората слика, 750ден.