Гледам низ градов девојки со хеланки со преубав принт! Никаде неможам да најдам! Знаете ли од каде и колку ги купуваат?
Црвено фустанче тесничко имаше во Боди Лајн во ГТЦ, беше 1200 но тој ден јас кога гледав имаа и 20% попуст. Само на грбот позади беше отворен и беше со дебели прерамки, а не како корсет.
Имаше во Певекс 200-250 ден. мислам... а ова “да не се ептен Шутка“ не знам што ти значи кога пола роба што е таму ја имаш по бутици..
преубави памучни фустанчиња баш како за излегување има во фака фешн во беверли хилс ,целата роба е по 300 ден
хеланки со цветен принт гледав во теранова, само што цената им е 599 а мислам дека и во пренди имаше.... хеланки со најразлични принтови има во евроазија мислам беа 250-350ден. зависи од моделот
Вакви хеланки ама со поприфатилива цена не ми се даваат некако толку пари за тенок и плетен матријал .
Општи прашања Еве едно смотано прашање од мене, ама што да правам.. Кај да си најдам салонки по можност црни број 41?Барам по продавнициве 41 јок и ме гледаат уште продавачкиве ко болна да сум. Божеее, па луѓе голем човек сум, голема нога имам
Фала девојки за хеланките,си купив од Пренди Но сега, ми текна и дека барам и шал. Сакам ГОЛЕМ плетен шал. Мислам дека ме разбирате каков Ако некоја видела негде во продавниците во Скопје нека ме извести