Џемперчиња си носи такви плетени плетени кондурчиња не ми иде од причина што ќе ги валка, еве ќе заврне и лом ќе се направи а мене најмногу за тоа ми е Сепак фала
А да пробаш со ултра мали чорапчиња за бебиња Или евентуално направи сама со некој непорозен материјал, сигурно има некои идеи по нетов
Вакви јакни во Велес има во секоја продавница. Најефтината што ја имам видено е во Палма(мислам дека има и во СК) 990 денара а има во сите бои.
Баш при разгледување на сајтов го видов овој елек http://www.shoppingkatalog.com/kategori ... /4850.html
Зависи каде бараш. Не знам колку често и дали воопшто идеш накај Шутка, ама имаат преубави модели на крзнени елечиња под 1000 денари. А истите тие модели, низ локалниве бутици и општо во продавничките низ град под 1600/1800 не ги наоѓаш. Јас пред некое време си го земав од Евроазија ова крзнено кратко елече за 1100 и нешто денари. Па ако ти фаќа око ценава и моделот, можеш и таму да погледнеш . ^Инаку скроз истите чизмички ги има во Принчипе, 1700 денари се.
Девојќи сте сретнале ли некаде пеплум блузи ? Бев во Мана но ми рекоа дека одамна се распродале, а пред малку видов на нивната страна дека донеле нешто слично на пеплум, ама пак, мене ми треба нешто посвечен пеплум.. Ако видете некаде кажувајте! Фала и поздрав
Дали знаете каде (во Скопје) има машки ракавици ама битно ми е да се кожни и да се по прикладна цена, на пр. до 600 ден? Ако знае некој молам нека пише фала
до таа цена на Бит пазар имам видено.. во делот од лева страна што е кај улицата према полицијата... има повеќе тезги со шалови, капи, ракавици... ќе најдеш
Девојки, сакам да ве прашам да ве замолам ако знае некоја да ми пише кај има црн корсет класика црн секси и цена која е отприлика за на фармерки коммбинација сакам,
Девојки каде да најдам чевли од овие модели или слични и како им се движат цените,има ли негде поефтини-на попуст?
Во Трговски и во Лептокарија ја има продавничкава, Мис Шоп Шус. Тука имаш многу слични модели како првите, и модели скоро исти како вторите. Цената им е до 1500 денари. А нешто поефтино ако бараш, ондак продавничките кај Бит Пазар што се - таму обрати се. За квалитет не гарантирам .
Во Шутка имаш поефтини варијанти на овие чизми (од кај 1000-1300 максимум, а вака од око ми личеа дека се ок квалитет, иако не се кожни, убаво беа изработени доста од нив) кои бај д уеј се скоро истите модели кои се низ тие продавничињата кај Бит Пазар, Чаршија, некои од продавничињава по Т.Ц. и сл. така да ако те води патот натака, провери си... Spoiler http://sphotos-f.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash3/9238_10151300157150993_859839991_n.jpg , овој модел ги видов за 1200 ден, таа е истата продавница Пласет Шус која ја има кај Бит пазар, во Шутка и во Топанско кај Принц маркетот
Девојки, а знаете каде да си купам врвки за ланче? Имам монистри, ама врвка-јок. Некако не ми иде чворче да им врзам, сакам на крајот да биде со закопчување.
На Битпазар, во тезгите, кај бугарките, има една жена и продава полудраги камења. Има и врвки, кожни, обични, "посребрени". Цената е некаде од 20 ден до 50 мах.