На Билна има една продавница, на ќошот од страната накај зелено пазарче кога одиш. Не знам како се вика, но има некои натписи дека има попуст. Имаше како првите чизми, 1200 беа. И во Аванти можеш да најдеш слични, гледав во нивната продавница во ГТЦ.
Ваква кошула? http://data.whicdn.com/images/40058708/il_570xN.380133905_l0fy_large.jpg Ваква јакна? И вакви џемперчиња??
Девојки, сакам да ве прашам да ве замолам ако знае некоја да ми пише кај има црн корсет класика црн секси и цена која е отприлика за на фармерки коммбинација сакам, Имаше во евроазија црн корсет обичен ама не видов цена :/
Сакам ваков горен дел, значи маица, не мора да е фустан. На бело или црно, сеедно. Сте виделе некаде, со нормална цена?
Јас барам апла розеви салонки, бојата да биде налик на оваа. Значи не моделот, него бојата. Да ми посочите место каде да барам? И по можност поефтинки да бидат, периодов се ми се собра а дрвцето со пари никако да пркне и расцути .
На зелено пазарче имаше пред 2 недели. Имаше црна, тегет, крем и темно кафена (костен боја), 600 денари.
Ако е тој што го мислам и јас го видов (стоеше близу касата, ми се чини од поновата колекција) Цена 999 ден
Spoiler Мислам дека во Страдивариус во Молот гледав,а и во Еко/Елит како да загледав. Тоа џемперчето со нитни можеш сама да го направиш, да купиш нитни и на џемпер да ги закачиш. Планирам да ставам јас нитни вака нешто да правам Spoiler Сличен модел на таа јакна, сестра ми купи во Елит.
Луѓе дај ве молам кажете ми кај има некои потопли чизми или пократки што можат во снег да се носат , и да не се прескапи (вака кажувам зашто во сити мол по 4, 5 илјади гледав)... Барав во Бисер во Аеродром неможам да најдам Единствено уште во ГТЦ да видам
Со диоптер? Или? За со диоптер, имаш во продавниците кадешто изработуваат очила. Таму имаш еден куп рамки. А можеш, и да си купиш некои најобични, за сонце, од 100-200 денари, и само да им кажеш да ти ги сменат стаклата, да ти стават со диоптер. Би требало да може така. Поевтино мислам дека ќе те фати, затоа што вака се многу поскапи рамките.