Мислам дека ваква ташна ако не најдеш никаде, можеш да си направиш.Купи си обична кафена ташна како моделот на сликата, избој го долиот дел во бојата која ја сакаш(или ако нејкеш да боеш, залепи материјал) плус врз избоениот дел ќе ставеш парче шарен материјал.Се надевам дека ме сфати
Јас ваква јакна си купив пред 2 години од New Yorker (и тоа на попуст за неверојатни 600 денари, ама ја купив во мај), па може да побарате таму, а имаше и во Euroasia. Има и во New Yorker, беа и на попуст сега мислам, околу 1700 им беше цената. Во Terranova имаш секакви бои и дезени, провери. Веќе каде не Во Schatze, Jumbo, Vero, по кинеските продавници, на Бит Пазар...
Каде можам да најдам трегери билокакви и шеширче вака нешто и од колку до колку цена одприлика низ Скопјенцево ?
Уште еднаш да си прашам, пред да отидам утре и на крај сепак да лупнам 100е за ова. Има ли поевтина варијанта? Во New Yorker има вакви модели?
Прошетај низ трговски,по сите продавници ги имаше овие јакни(ако прашуваш за тоа).Неможам да се сетам каде точно ги видов,ама барем во 3 продавници ќе најдеш
Има во New Yorker баш и јас ги гледав пред некое време 4999ден беа. имаше некое намаление можеби се намалиле до сеа.
Во Бершка има слични за 3.000 денари на тегет и кафена нијанса. Другото е се исто, каишот, голема капулача и крзно на неа.
Па овие се Реј Бан, ако сакаш оригинал ги имаш во секоја оптика, а и чкарт има сегде кај што има наочари, ова е еден од најчестите модели. Ако си од Ск види во Шатци знам таму има по некои 400-500 денари, или на пазарчињата. 100% наоѓаш ваков модел
Значи истиов, скроз истиов модел го има во Еко/Елит. Јас си земав ваква, имам спомнато и поназад во темава за 2,000.
И мене ме интересира каде можам да најдам трегери. Во било каква боја, по можност црно-бела варијанта. Но сепак не е толку важно, важно ми е да купам трегери.