Дуки дасо колекција https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... 568&type=1 https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... 568&type=1
Во Чаршија Трендафилке низ продавничките со разно разни капчиња, баретки, ташни и слично, има избор на вакви баретки. Јас мислам дека од овие три бои мора да има барем една! Нешто ептен слично имаш во Ил Камино, само со нијанса помалку крзно. Црно пеплум фустанче има во Боди Лајн. Ама чипкано. Не знам од колку голема важност ти е иформацијава, ама да ти кажам. И не беа скапички нешто многу, некаде 1,000 ми се чини. Ептен сличен модел во Боди Лајн, само со малце астрономска цена од 2,000 денари и нешто.
Црна имаше во Дуки Дасо пред 2-3 недели, а цената е 150-200. Црвена имаш и во Мис Спајс, јас од таму земав , 300 денари е, ама на првото перење( за среќа на рака) ми ја офарба кадата, прстите цели црвени, и на крај и радијаторот ми го зацрвени. Се зачудив со што боја им е боена, и затоа не би ти препорачала од тука. Исто црна видов и во Еми во Буњаковец, 250 денари.( имаше и лила и сиви).
Се наоѓа ли вакво фустанче низ Скопјево? Не ми е битна бојата, туку моделот И секако пристојна цена до 1500 денари
Бордо кошула? Ама да нема каиш со неа, да биде пократка и долу да не биде широка, за да можам да ја ставам во пантолони со повисок струк.
Во Чаршија кај шапкарите околу 400 денари беа пред две години, ама мислам им држат иста цена цело време, лете-зиме.
Леле Џенцки, се убив од барање фустан денес никаде нема асален убав фустан, се се некои накитени со светки или некој материјал никаков кој не го сакам воопшто или џемпери, еј ќе се верам во џемпер жими се Најозбилно, јас не знам што е работава, ништо не ми се свиде Дај кажувајте убави фустанчиња кај има, цена до кај 2.500, па и 3.000 ќе замижам очи Мене не ми е јасно, дали само јас кога шетам без потреба наоѓам милјарда ствари а кога ми треба ништо не можам да најдам. Значи сакам фустанче некое, боја може некоја крем, кафенко, беличко накај прљаво, темно зеленко... Модел, до над коленици, да може да се носи со хулахопчиња во боја евентуално чорапи со чипка оние на Санда, ракавчиња може ама и не мора да има... Материјал, да не биде многу памучно или од ова сега што видов низ град, синтетика жива, чкрипи кога ќе го фатиш во раце, може и некој конец ламиран, некоја комбинација... Ама ви дадов опиииииисссс... Кажете кај има нешто да идам да барам оти сафра ме фати, ќе ги пречекам дечко ми и неговите у пижами
Oди во Шутка најозбилно, ние се утепавме од барање јакна за ќерка ми, цел град, сите трговски ги прошетавме, најдовме само во Бисер по цена од 2250 ден, ама немаше број, најголемата беше 10-ка, а за ќерка ми треба 14-ка , истата ја купивме во Шутка за 1300 ден. Има и поголеми броеви.
Лепа еднаш праша, јас по 2 пат па белким некој ќе се најде да каже дали видел. :geek: Црна тесна сукња со нормална должина која не подразбира преголема блискост до задницата.
Во Евроазија видов, 790, многу и се мислам да ја искомбинирам со некоја кошулка или блуска за мојата веридба, ептен ми се свиде и е баш ваква должина