За тие што бараа вакви хеланки ако не се лажам.. http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =3&theater
Нешто ептен слично на овие модели во Аксесорајз барај, има. Само цените се подразбира не се баш најсјајни. Да, ептен се слатки оние со heart print. Сива основа и розеви срциња . А инаку кога сме веќе кај Пренди, ако некој бара maxi skirt, во Пренди во Карпош 4 има. Скроз истиов модел го гледав пред извесен период во Страдивариус, ми се чини беше над 2,500 денари. А тука е само 220. Има црни и сини. Во Теранова имаш вакви џемперчиња, а јас денеска од Певекс си купив блузичка со ваква шарка (само наместо сиво - има бело) за 200 денари. Баш во таа продавничка има кремасти високи штикли. Мислам дека се прилично ефтинки, пошто тука скоро се е до 1500 денари. За штикливе конкретно мислам дека се 1,000 само не ме држи за збор. Иаку јас денеска бев, и има ептен интересни работи донесено. Многу слатки ниски чизмички со крзно има, 1,000. Инаку, не знам под ефтино што подразбираш. Ако сметаш дека 1,000 ти е скапичко, провери во тие продавничките кај Бит пазар што се - тука гарант има висока кремаста штикла под 1,000.
За сите што бараат кошули, има едно продавниче во ГТЦ на први спрат, на надворешната страна што гледа кон кеј. На почеток на септември, случајно го откривме со мајка ми. Имаше преубави работи, а посебно голем избор на кошулки со македонско производство. Јас си најдов една обична бела, со нежни ситни цветчиња ама имаше најразлични типови. А цените се сосем пристојни. Кошулкава ја фурам веќе три месеци, гајле нема и баш е убав материјалот. Ич не ми текнува како се вика продавницата, ама мислам не може да се утне, единствена е во редот со кошули, сакоа и слични работи во излог.
ќе ве замолам нешто може ли некој да ми каже каде може да се најдат куси панталони со висок струк во скопје и цена ако знае ? фала однапред
Во BodyLine, во ГТЦ видов пред 3 дена. И плус на попуст беа, нели не им е сезоната. Цената им беше отприлика 700 ден.
Во Макпримат видов на излог кафеави 400 денари, ама не знам дали имаа крзно внатре. Каде да најдам ваква кошулка со попристојна цена?
Во Макпримат се еко-кожа, баш пред два дена барав, купив од едно дуќанче во пролазот спроти Ботони за 950ден, ми се допаѓаше како лежеа на рака, а кожата многу мека. Поевтини за 750ден. има во дуќанчето на ќошот до Васидора во ГТЦ, убаво се обложени од внатре, баш како со крзненце, ама тие ми беа малце покрути кога ги навлеков на рака, но сепак убави се. За поевтино незнам дали ќе најдеш, по други дуќани се над 1000ка.
Ваква слична кошула, боја горе-долу иста, прозирна, но без тоа за врзување што е, значи поедноставна имаш во Њу Јоркер а цената околу 700 ден. на намаление и беше многу убава. А сите што барате новогодишни фустани со светки, мониста и сл.работи има во Бершка, но бројчиња xxs A и низ другиве продавници низ молов ги има, но така тинејџерски во Бершка посебно.
знам еден бутик, но за жал не во скопје има такви но во полетни бои, а од зимните имаше само црни кожени, цената им е само 220 ден.
Девојки каде низ Скопје има шубари, ама поубави со повеќе крзно (ова вештачко се разбира). Лани ги имаше повеќе, но годинава немам сретнато а сакам да си купам имате видено некаде
Каде може да најдам ефтини, а убави плетени шалови, како што се носат моментално со пуфчиња, бидејќи низ ГТЦ се доста скапи, 600-700 денари. Ако знае некој ве молам пишете.
Шубари скоро секаде и да има, ама со цените што им ги имаат лупнато, малку се прецениле. Јас би ти препорачала во продавничките низ Чаршија што се со капи, ташни и слично да одиш - гарант има, и со не така превисока цена - него со нормална!