Јас мислам дека во Самсонајт нема ракавици.Тоа е за куфери,ташни и канцелариски материјал.Иначе има во Рамстор и на ул.Македонија продавници. Кожни ракавици имаш во Макпримат и во Мона.Така тие би ги издвоила како квалитетни продавници.
У самсонат нема кожни ракавици, само ташни, пенкала новчаници, јас не сум видела кожни ракавиици. Продавница има во Рамстор и на улица Македонија. Убави кожно ракакациви имаш у Мона и во Манго,ма да во Мона се сто посто кожни. За манго незнам.
^ Ама машки ми требаат.. затоа се убацив вака Бев во Макпримат ама не ми се убави.. Да не знае некој колку се во Мона отприлика? Има во Зара ама не се цели кожни и 1800 се, и во Спрингфилд има али 2600 се, а тоа ми е многу. Ви благодарам однапред
Ти пишав погоре, во Мона се до кај 1400денари, има од најкласичен па разни варијанти. Погледни обавезно. А јас да прашам колку се во Мона одприлика кожните женски ракавици? Имам на подарок црни преубаво се изработени и одвнатре со волнена постава. Сакам да си купам и кафени обавезно.
Spoiler Јас гласам да му купиш новчаник од 200 ден. и во него да пикнеш 1800. Сигурно повеќе ќе се израдува, бар јас би
Женските во Мона се од 1400 до 2800, 3000ден. Мислам дека и машките се поскапи од 1400. Иначе и мене ме интересира колку се ракавиците
Jas kupuvav lani od Mona maski novcanik i poskap od 1400-1500 nemase, za podarok bas zimav i toa ne eden, dva.
girl1985 за машки ракавици збориме, не за новчаници... И мене ми е сумљиво да се толку ефтини, зошто во она Горица Трејд се по 1500 ден,а во Мона 1400 Ајде баш ќе одам да видам утре, па ќе пишам и ќе ги разрешиме сите дилеми Ви благодарам во секој случај.
Ние купивме сега брзо за подарок кожен новчаник, кожен каиш и едно како новчаниче за клучеви од Горица трејд за 1500 ден. Тоа им иде врзано како пакетче
од кај да си купам онаква кошула ко шо се носат сега,како малку проѕирни шо се? онака лелеави,убо да паѓат....мислам дека ме разбирате каква,неможам да постирам слика оти од работа сум логирана.........а од објаснување,џабе......не ме бива за во Битола прашвам конкретно и отприлика колку пари се....фала
Баш вшера бев во Зара и ми кажаа дека нема више се потрошиле де бе толку ли пари имаат луѓето па се новчаниците ги испокупија хахаха и да знаеш дека ќе се израдува повеќе
Ова каша попара испадна Енивеј, јас кажував цени за машки новчаник. А за женски ракавици во Мона и мене ме интересираат цени.
Девојки,штотуку се враќам од град т.е од Рамстор.На попуст доле на приземје има голем салон за чевли.Јас само само 1100 ден.си купив чизми и уште еден пар штикли.Има голем избор ...
Има голем избор на чизми до колена да,има и класични има од секој вид...Оди види иако попустот штотуку е почнат мн.е ефтино и брзо се троши.