каде можам да најдам нешто слично во битола? секако со попристојна цена http://data.whicdn.com/images/46399133/ ... _large.jpg или http://data.whicdn.com/images/46374481/ ... _large.jpg
Колку се движат машките капчиња на Nike, евентуално Аdidas? Не од оние што ги има во секоја втора продавничка, од Спорт М?
Ја имам истава ташна .Бидејки сум многу глупа на шнајдер и ја извадив прерамката бидејки ми беше некако кратка а ја сакав подолга.Шнајдерот ми стаи една многу дебилна прерамка што ми се плаче кога ја гледам,а старата ( како на сликава иста) ја фрлил.Со други зборови скроз си ја унаказив ташнава а нова ми е.Дали некоја од вас знае каде можам да ја оденсам да ми ја опраат бидејки ми стои така без везе не можам да ја носам и ми се плаче од мака. :'( :'(
Мислам дека во чаршија има дуќан за каиши,ташни што би можело да ти ја поправи.Точно каде незнам да ти објаснам,доколку знае некоја феминка нека објасни подетално.Но,и да отидеш во чаршија и да прашаш сигурно ќе те насочат,каде е.
Можеш и сама да ја направиш прерамката, не е многу тешко.Само треба да си купиш ваков ланец, и да ја протнуваш прерамката низ ланецот.
Ух, па на Бит Пазар можеш да видиш, на женски пазар, би требало да имаат нешто такво, или некаде каде што се продаваат материјали за ланчиња, обетки...
Значи вака. Во ТЦ Бисер има од оние модерните хеланки што се сега со зимски мотив, во една продавница, ич не ми текнува кај се наоѓаше точно ама ги видов таму и беа 300 денари.
Каде да барам убави ташнички, од тие малечките за излегување што се, така со интересни детали, светкави, со штрасови незнам како да ги наречам, за поклон ми е
Околу 800-900 денари ако добро памтам, без попуст. На попуст може и до кај 600. Провери и во Пума и таму има убави модели.
Дечки незнам баш дали е за тука прашањево ама јас да си прашам Каде ги има оние интересни дипломи за најдобар дечко, другарка итн освен во Веро центар ?
знам дека прашањево не е за тука ама видов дека таквите теми се заклучени. како да напишам на гугл на англиски за оние шарениве хеланки како на сликава?
Конкретно за овие со новогодишни мотиви, пробај со Christmas leggings. Редактирам, да си ја пробам уште еднаш среќата во темава. Апла розева салонка да не видел некој некаде? Вечно благодарна би била кога би ме известиле во случај да сте виделе некаде - јас сум доволно смотана да го прошетам цел град и никаде да не најдам . Фала и однапред и одназад. Ајде чао.