Иде нова година сакам некакво фустанче кажете некој предлог од каде да купам ( да не е долг фустанот)
Кај да најдам обрачи(венчиња) за коса? Имајте во предвид дека мојава е косиште, кај долго, кај виткано, па и бујно, значи да може да ја држи оваа коса, нека биде и пообично, не мора да биде којзнае какво или некој интересен модел да ми предложите. Каде и по можност локација на продавницата ? Фала.
Ако прашуваш за СК. Има пред некој ден видов во Базаро,во Карпош 4 има кај трите кули таканаречени убавици, има во центар исто Базаро, само незнам кај поточно.Исто има и во Сити Мол, во една продавничка на 2-ор кат видов ама знам дека не беа нешто мн скапи цените,само не беа нешто најј тоа венчињата ....Некако се меки и не си вредеа за парите.Има обично во секоја книжара или како и да кажам кај што има и такви работи, не се скапи Ако прашуваш за друг град извини .
Убави фустанчиња има во Мана, споjлер за слики Spoiler Плус и многу се евтини, сите овие што ги ставив се под 1000 денари, 950 е најскапото
Дали некој знае каде би можела да најдам/направам вака нешто? http://antonburmistrov.files.wordpress. ... -shirt.jpg https://d3qcduphvv2yxi.cloudfront.net/a ... 1341839738
^Таму каде што принтаат маици. Јас имам принтано до студентскиот дом Кузман се наоѓа печатницата, и задоволна сум. Колку што се сеќавам беше 500-600 ден. со нивна маица, сликата им ја носиш на USB.
феминки ми треба водоотпорен (пластифициран) тапет? каде да најдам? бев во бриколаж - немаа...ми треба други места каде продаваат тапети да проверам.. фалааа
Јас уште еднаш да си прашам ,многу ми требаат штикли со леопардски принт.Кој има видено некаде по Скопје одма нека кажува
Jaс купив во Трафик. Не знам дали ја затвориле продавницата, ама пред недела дена имаше голем попуст на сите модели, и стари и нови. Овие што ги земав се како чизмичка до глужд, со многу висока штикла и беа симнати на 1100 денари.
Барам салонки црвени, високи со платформа ама не ептен висока, од понискичките што се, некаде 1-1,5см ама да бидат со ремче од напред?