Девојки, ајде ве молам за мала помош Каде низ Скопје можам да најдам пеплум блуза (како тие во мана што имаше), и цевка црни обични пантолони, вакви едноставни никаде не можам да најдам. Ако некој знае плис нека пиши
^цеврка црни во Манго има 1600ден мене многу ми се допагаат а ист модел на панталона/фармерка и во мана видов иако беше пред скоро месец дена беа околу 950ден.
Во ГТЦ на вториот спрат има една мала продавничка, нова е мислам, и мака ми е што не знам како да ти објаснам каде се наоѓа. Памтам дека беше на лево од ескалаторите во средина на ГТЦ, значи одма лево кога ќе се качиш на втор спрат, на самиот ќош. Релативно нова е, па не запамтив.... Е овде видов преубави пеплум блузи, во црна боја, со три четврт ракави и златен дезен или ланец кај вратот само. Рекоа дека ќе донесат и во други бои. А убави цевка панталони, видов во Теранова горе. Имаа малку повисок струк, ама мене многу ми се допаднаа, па може и јас ќе си купам. Цената на попуст 999 денари.
Ви благодарам девојки Утре одам во потрага се надевам ќе ја најдам таа продавничка бидејќи очајно ми е потребна пеплум блуза. А дали знаеш колку пари се блузите, да знам колку да спремам
Па мислам дека не се повеќе од 1000 денари. Доколку не ја најдеш продавничката, оди во Елит горе. Би требало да има и таму донесено пеплум модели на блузи.
Девојки шарени хеланки со елени, снегулки и триста чуда, овие зимскиве сега што се хит на Битпазар по 150 денари. Мене не ми се допаднаа многу се проѕирни, не планирам под нив да носам уште два пара за топло да ми е
Затоа ви препорачав на сите што сакате такви хеланки ама дебели и памучни и со бројчиња има во оваа продавница јас си купив,еве ги.. http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =3&theater
Треба поклон да и купам на сестра ми баретка(па да ми кажете кај има низ Скопје?) Исто и за мене ми треба кошула, кај има убави кошули не поскапи од 2000 денари + некои пантолони кои одговараат на кошула, немам замислено модел, кога ќе прошетам да видам ќе се одлучам, ама да ме упатите кај има? Значи ако може местото/населбата по можност да биде во Центар зошто таму најмногу се снаоѓам и точната локација за да можам одма да го најдам. Барам многу? Ако се најде некој фин да ми одговори, ќе му бидам многу благодарна.
За кошули и пантолони Котон во Рамстор се закон.Малку се така покласични ,не знам какви сакаш ти,но спијат на тело.Мислам дека би требало да има и некој попуст,јас бев пред две недели,имаше мал попуст,сега незнам,ама имаше кошули за 990,имам и јас слични,многу се квалитетени.Блиску е до центар,па зирни ако можеш.Толку од мене.
Фала на одговорот, ќе се снајдам, ќе го прошетам цел Рамстор, денес бев, Spoiler ама ете не ми текна таму да појдам, јас барав бежични глувчиња место да си гледам кошули, а едно такво глувче 1000 денари и над тоа, најефтино 900 денари и се разочарав, па сеа ќе си барам на друго место во ГТЦ кај што има за 700 денари.
Баретки поефтини имаш низ Чаршија продавничките што се. Е тука имаш голем избор и на форми од истите, и на материјали, а и на бои. Убави кошули, не поскапи од 800 денари( исто и поефтини а убави по 300,400 ден) имаш моментално во Бебел фешн(поранешно Мана). Јас бев баш денеска(ова по коментариве што ги давам тука испаѓа дека секој ден идам во бебел, ама што да правам на поминување ми е ) и имаат донесено преубави кошулки! Е сега, штом бараш конкретно во Центар, еве информации и за таму . Баретки убави гледав на тој ,,штандот'' што е (не ми текнува чија фирма беше) во Веро трговскиот. Одма е тука на почетокот. Преубави беа баретките, особено белите! Кошулки во Евроазија и Теранова види, имаше некој попуст на фини моделчиња. Исто и за панталонките можеш да разгледаш овдека.
На стара чаршија мислиш? А тоа поранешно Мана кај се наоѓа? Јас уште не сум уходена овде во Скопјево, па сеа ако малку да ве позамарам кое е каде е што е, не ми замерувате нели
Да, на старата чаршија. Ако не знаеш точно каде се наоѓа, пиши ми во пораче ќе ти објаснам точно . Инаку Бебел/Мана сеедно, во онаа продавничка што гледав јас денеска, се наоѓа на Партизанска. Некаде карши Сити Мол би му дошло, се наоѓа од лева страна - кога идеш од Центар натака.
Денеска исти вакви видов во ЊуЈоркер во Веро. Цената им ја заборавив, но беа на попуст (мислал дека беа 669 или 1299)
Некаде низ скопје нешто слично? Мислев да има дебела штикла а да не се многу високи. Се надевам ме сфативте.
Каде да најдам од оние шарените хеланки сега сите што ги носат?Многу ми се допаднаа,па да не има некои ефтинки негде... А вакви слични само без штикла и еднобојни,каде да најдам?