Ајде помош! Каде да најдам некоја убава ташна,а да биде поевтина? Само да не биде Шутка зашто ми се скинаа сите ташни од таму купени.
Девојки кажете ми каде има убави а намалени капутчиња, немам време за шетање постојано сум на работа Во Сити мол ништо не најдов, мајка ми прошетала за мене ниц ГТЦ и таму ништо немало, е сега не била во Елит и во Боди Лајн , има ли нешто таму?
Здраво девојки, јас сакав да прашам каде можам да најдам кожни панталони во Скопје, по прикладна цена? Само да напоменам дека ми требаат што поскоро. Однапред благодарам
здраво, сакам да прашам има една пордавница во гтц на први спат каде што има многу евтини штикли дали некој во скоро време бил за да ми каже дали има убави модели, бидејки јас не сум од скопје и сакам да дојдам во ск да си купам од таму? позз
Сигурно мислиш на Мис Шоп Шус. Има многу убави модели на штикли, јас бев пред скоро време. Бендисав едни кремасти, само премногу високи ми се чинеа .
Во шутка дете..1000 денари,многу убави и дебели.Имаше во разни бои зелени,црни,кремави,црвени.Јас си купив црвено.
Јас бев вчера во таа продавница во рамстор доле у подрумот, тип тап така нешто се вика, по 700 ден се сите штикли, јас си купив црвени високи се многу ама јас немам мака си одам на високо, баш вакви се како што сакав, и ги има во сите можни бои и комбинации,позз
3.000 денари за еко кожа??? Никако! Ем не се квалитетни, ем ќе ти ја умирисаат ногата. За тие пари 100% ќе си најдеш кожни.
За модерни и неквалитетни ќе најдеш во секое дуќанче, дури и за 700-800 денари, ама 3000, плус екокожа, која нема допирни точки со кожа,многу се Баргала има преубави високи кожни чизми, sо цени од 2950 до 3500 Јас откако си купив се преродив,не знамшто е ладна нога или недај Боже водени чорапи Или еете Биана, видов и нивни кожни, има избор
Може ли некоја од вас феминки да ми каже каде можам да купам краток црвен фустан со долги/три четврт ракави и златен патент одзади? Би ви била благодарна за помошта
Има во една продавница на 1 кат во трговскиот Беверли во Капиштец, само не знам како се викаше продавницата, побарај убаво ке ја најдеш пошто само таму имаше таков фустан и на излог стоеше. Иначе цената му беше 1800.
Каде да си најдам црни чизми, без тракатанци крзна токи и врвки? Класични, црни, до колено, на штикла? Вакви некакви Може да имаат и платформа напред ама да не е мн висока. Уште и да се кожни со разумна цена... мх мх мх