Јас купувам од оптика ММ од ТЦ Бисер (спроти катната гаража на приземје) и ме чинеа околу 1800 или 2200 ден за еден пар со рок на траење од 3 месеци. Пошто ти немаш потреба од диоптер може и поефтни да се, зошто моите беа со диоптер. Влези си во било која оптика и прашај за цена, колку пара има во едно кутивче (како се пакувани) и колку е рокот на траење.
Провери во Адамс и во Пеко, има поедноставни чизмички слични на овие од сликата, а види и во Алпина...Ова се е ако си од Скопје
кожни панталони баш видов вчера во евроазија во веро имаше црвени, темно зелени и уште неколку бои ама не видов колку им беше цената :/ а убави беа, баш кожни со џебови, патент..
Вакви чизмички детски ортопедски каде можам да најдам прашав во пеко и кеги шус ама немаат...итно мие утре треба да најдам и купам
Да не знаете дали има машки ракавици на Бир Пазар, од тие со исечените прсти? Само во Теранова најдов, ама грдички бои.
Јас да кажам дека си најдов капутче во Бутик Еми во ГТЦ на 2 кат , па кој бара нека иде таму Има преубави модели, голем избор и цената им е 2000 горе доле
Лакирани пликоа во кремава или светло кафеава боја? Во Беверли чинам имаше ама им ја заборавив цената, каде на друго место можам да најдам по попристапна цена, значи едно плико да не биде поскапо од 500ден?
Од фамозните кожени хеланки, имате некаде видено? Во Bershka имаше едни најпрекрасни, одамна ги нема веќе. Тие од Tally Weijl, потрошени исто. Чаре?
Фиоки за шминка има во Џамбо. Мали, средни и големи. Јас земав од средните, убави се и практични. Цената не беше поголема од 200 денари. Ми се чини 180 беа, ама како низ магла ми е дека земав повеќе работи со слични цени и... урда .
Чекај, каде е таа турска чаршија истата е таа стара чаршија ? и дали некој знае на некое друго место уште поефитни од 400 ден или во Ск не може да се најде за толку ефтини цени? П.С зедов денеска од стара чаршија баретка за 400 денари мислам дека беше рачно плетена во една продавница за капи, шешири и баретки, имаше во разни бои, ете на Бит пазар имало и поефтини ама не го прошетав цел, таму кај што бев немаше.