Во Сара Фешн гледав имаше вакви слични само не знам која цена. А од тие фиоките за шминки јас си купив од Џамбо за 60 денари. Starfish баш минатата недела со дечко ми баравме ракавици за него на бит пазар и нема ич избор, не оди за џабе. Не најдовме нигде убави машки ракавици.
Здраво девојки, сакам да ве прашам каде има вакви ташни каде може да најдам ваква ташна. Дали некој има видено и по колку пари се. Бојата сакам да биде црно/сиво, црно/крем .... Па ќе ве замолам доколку има некој видено да ми каже. Ви благодарам. Поздрав девојки !
Девојче ај ќе те молам веќе не си ја рекламирај продавницата,ако ти е толку омилена рекламирај си ја на фејсбук,не замарај тука на секоја страна.Разбравме сите дека се има во неа,добро е
Дали канѓанките од Timberland вредат за тие парии? има ли некој искуство со нив? сакам да купам ама скапи се многу па ќе чекам попустот.
Јас ја имам истава и ја земав лани во Шутка за 400 денари. Оваа година беше 300 денари. На некои сајтови ја продаваат за 1100 денари, а тоа се 3,4 вакви чанти. Оди до Шутка
anabel-a фала ти многу На некои online продавници ги гледам ташниве се по 1200 ?! Мислам Што е многу, многу е !!! Леле ти благодарам многу што ми кажа, за 1200 денари ќе си купам од Шутка три различни ташнички хехе. Поздрав !
Фала ти marama и тебе на помошта, ќе појдам после Нова Година ќе си купам. Многу ми е убав моделот многу ќеиф ми тера Ви благодарам девојки многу. Поздрав !
Хахахаха да е моја па да ја рекламирам,ајде де де Вака сеа да се разбереме сите прашуваат каде има,што има,како има и нормално ако некој знае ке каже,јас видов дека прашале за таков плик до 500 ден,продавницата ја знам,знам дека имаат и им се 500 ден,зашто да не помогнам и да и кажам дека има? Има некаков проблем?
Каде има убави шубари освен бизутеријата на полеток на гтц воопчто не ми текнувам како се викаше.. и поминав во еко и елит не ми се допаднаа воопшто каде на друго место можам да најдам чубара не е од природно крзно до 1000 ден ?
Ќе ви се вмешам малку во разговор, ама ова Веро центар е тоа што е во Џамбо ама тоа не е во центар или во веро во ГТЦ? А во Miss Spice Accessories освен накит и шубари има ли пликчиња со прифатлива цена?
Кошули што се закопчуваат како боди имате видено некаде во Скопје? Порано ги гледав во теранова и во мана, ама сега не забележав.
Знам за таму бев и во веро осве оваа бизутерија пишав некоја друга продавница каде би можело да има.? А иначе цените се на пола во бизутерија конкретно незнам колку пари се пликчињата сигурно на попуст се до кај 600 700 ден