Иста скроз видов вчера во Suite blanco во Сити мол. 1000 денари беше и сакав да си ја купам ама само L број имаше мислам
Најобични, едноставни затворени црни салонки, и да не бидат ептен височки има низ Скопјево? Немам баш време за шетање, видов некои ама или беа превисоки, или отворени напред..
Да прашам јас за мене колку пари беа оргинални тимберленд што ги носат сите низ градов? Друго, другарка бара вакви ташни низ Скопје дали има нешто слично?
Има на Зелено пазарче во задниот дел каде што се јајцата, неколку продавнички-тезги се со грнчарски работи. Гледано од надвор, од страната каде што се месарите во блокот, значи последниот ред од тезгите. Се надевам ме сфати.
Женски кај можам да најдам од овие кошули ? Само немојте да ми препорачате преку ибеј , тие бројчиња со нашите немаат врска
Тимберленд женски, во Office Shoes мислам се викаше тоа во ГТЦ, 6100 и нешто ама имаше само 36 број. (ваква боја) А бројчиња имаше од други модели, кафеава боја, подвиткани, со крзно кои не ми се допаѓаа.. А машките беа над 11 000. Ги има ли на друго место, и дали некој знае колку чинат ? Јас искрено баш се зачудив, толкава разлика женски 6000 машки 11 000 ...
Во продавниците кај бит пазар од Зегин па надоле (или нагоре како му доаѓа не знам )) ) има доста црни затворени штикли кои не се толку високи (мислам дека се под 10цм) но најубаво е да провериш сама
http://sphotos-e.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 7739_n.jpg феминки каде можам да најдам вакви боцки па и слични да се може и да се потсечени ама да вршат достава фала многу позз
Тимберлет ако сакаш оргиналот ги има во тимбелрент продавниците во рамсторе и во сити малл некаде 6000 и нешто се како феминката пред мене што постира слика другите модели се посакпи имаш слично на нив во адамс продавиците некаде до 3000 ден и во бата мислам дека сега со попуст се 5000 и нешто и истите во гтц мсилам дека на скејчерс продавницатаги има исто за 6000 и нешто а поефтина варијанта има секаде до 2000 ден ...Ги пробав секаде а квалитетот на оргиналот ми е незаменлив Во тимберлент сепак цените се солени па чекам попуст..
Се заљубив во јакната од Pull & Bear , и имам две прашања за вас 1. Дали некој знае дали ја има во Сити Мол ; 2. Ако да, што би ме советувале - да ја земам, или има шанси цената уште да и паѓа ? (од 4990 на 3500 е сега) Аааа да, и вакви кожни панталони/хеланки, ама само од напред ?
Nevermore цената секако дека ќе паѓа, сега е 50% попустот а за неколку дена ќе биде 70%. Но ако ја има сега не значи дека ќе ја има и тогаш, може да ти се продаде. Така да, останува на тебе дали ќе ризикуваш или не
Ааа епа супер тогаш, ќе ја чекам Па и да ја нема, гледам има слични во Zara и Bershka така да нема да останам без јакна.
мислам беше 250-300 ден, ја имаше ама поодамна, крем со црни детали и мислам беше без јака уште ми е мака што не си ја купив
Еве види си овде: http://www.bagatela.mk/6448-vezhbajte-s ... -vezhbajte Мислам дека цената е сосема ок, ма да за квалитет не знам.
Видов на една страница вакво нешто, еве https://www.facebook.com/pages/Gossip-F ... 6829596407 https://fbcdn-sphotos-b-a.akamaihd.net/hphotos-ak-snc6/734810_471347952928628_819638055_n.jpg