Не ми е прашањево за облека, туку за козметика. Имам видено по парфимериите во последно време крем кој не е пудра, но е (ваљда) нешто слично, дали изедначува тен, покрива, не покрива не знам точно, затоа и ми е прашањево. ББ крем мислам дека прочитав дека се вика, имам видено од Гарние која е со нормална цена и на Лореал која е 600 и кусур, па не ми се фрлаат пари за пробување само. Има ли некој што користел, да ми каже што е точно функцијата и која е добра, која не е?
Ми требаат скроз обични џемперчиња во разни бои, за секој ден. Имате ли негде видено низ град ко овие на сликиве? Немам време да се расшетувам...
Јас го користам на Гарние, сега е на акција во Карфур 250 денари со подарок сјајче за уста Мејбилајн. Не прикрива многу но во комбинација со добар коректор, во моментов го користам на АртДеко, е совршен. Покрива недостатоци од типот на црвенила и по подолго користење дури и ја негува кожата. Јас сум презадоволна, погодена ми е и за во лето и за во зима, многу си ја сакам дека ми го прави лицето преубаво, а не користам пудра, не личи како да имаш тон пудра на лицето.
lice/podloga-za-sminka-t1257/170.html#p1479056 Еве мала дискусија за ББ кремата во Подлога за шминка, а ако погледнеш неколку страни наназад или ја разгледаш темата за Пудра, и таму имаат прашувано за ББ крема. ББ кремата е всушност тониран крем за лице, па не треба да нанесуваш крем пред неговото нанесување, а поради тоа што е тониран (обоен), сличи на течна пудра. Сепак, поразреден е и не е толку покривен како течните пудри, но е супер за дневна варијанта, лесно се размачкува и природно изгледа. Јас ја имам ББ кремата на Garnier и воопшто не сум задоволна. Ја имам онаа обичната (таа што е потенка е со мат ефект, ама јас кога ја купив уште не се продаваше оваа со мат ефект кај нас) и прво, премногу е темна, а зедов нијанса medium, а второ, премногу е мрсна, така да не е дури ни за комбинирана кожа. Како што кажав, таа со мат ефект е подобра за мрсна/комбинирана кожа, но ја немам, така да не гарантирам ништо. Мислам дека вреди да се купи и поскапа ББ крема затоа што се работи за повеќе производи во еден, па ако имаш добра ББ крема не ти треба крем, подлога за шминка, пудра и слично (како реклама звучам, секако дека ќе ти треба крема за пред спиење или пудра кога сакаш поголема покривност, ама наводно демек ). Има во New Yorker, по 350-400 денари. Подебели има во Calliope, 700 денари. Денес бев во New Yorker и суќничкава ја немаше.
Има некаде низ градов кошулчиња и џемперчиња со вакви на ракавите ко на сакото на сликата (не знам како да ги објаснам).
Знае ли некој дали по Ск има кравати на закопување или на ластик? Значи да не се класичните на врзување.
Девојки да не знае некој кондураџија што прави чизми по порачка да му однесам модел и такви да ми направи?
Значи вакви џемперчиња има и во Евроазија,таму има добар попуст скоро на се..вакви има во сите бои,само малку прошарај по тоа закачалките...цени смешни по 300 денари мање више се сите... П.С. Една девојка(незнам каде беше поставено прашањето ),праша за прозирни кошули,во Евроазија има во сите бои,на десно од гардеробата, на закачалките едно десетина чекори...ама објаснив се надевам сфати..
Прво извинете за двата поста еден по друг,незнам како да цитирам два поста у еден Вакви „кукли„ (незнам ни ја како се викаат),можеш да најдеш на страната пазар3,продаваат од затворени дукани.Е сега дали се вака повисоки или оние кратките стварно незнам...
Феминки каде има убави квалитетни и интересни капутчиња во бои само да не биде црно класично и панталони со висок струк низ градов?
За квалитетни не знам колку се, ама во Џордан во гтц имаше капутчиња по 1100 денари беа сите, баш ми е криво мојот што си го земав од една локална продавница 2000 сеа истиот беше 1100 За ова ти зборам бидејќи бев пред 2-3 дена, не би требало да се потрошени.. Панталони не сум видела негде некои што ми оставиле голем впечаток со висок струк, за фармерки со висок струк има избор во Бершка во Сити Мол
Дали знаете каде можам да купам ваков пиштол за лепење на материјали ? Знаете во Прилеп некоја продавница ? Предлози идеи?
Јас го купив од пазар во Скопје, така да побарај и во Прилеп има сигурно. Цената беше околу 150 денари за пиштолчето, а 20 денари е парчето силикон.