Има ли во Џамбо sleeping mask и ако има колку пари е ? Во Велес нема никаде, а многу ми е интересна и утре ќе одам Скопје, па да знам, да не одам залудно.
Има, а за пари хмм...мииислам дека не беше поскапа од 200, да не те излажам.Горе на втор кат, од скалите лево, кај долната облека.
Јас ја користам крамата на Лореал BB Nude Magique, презадоволна сум од неа, ем изедначува тен, ем многу покрива. Oд кога почнав да ја користам, заборавив што е тоа пудра
Женски, да не знаете вакви чорапчиња дал се наоѓаат по Скопјево негде? Исто и Nivea Fruity Shine Pomegranate, дооолго време нигде не можам да најдам. :/
Во скоро сите продавнички од типот Сара Фешн и остали имаш. Исто и на Бит Пазар кај 26 јули, тука на уличката што продаваат има еден продава вакви, по 50 денари. Јас си земав скроз исти вакви, бели, само со 2 копчиња од страната.
За девојката што праша за силиконско пиштолче во Прилеп, има во Еуротулс, кај катастарот Околу 200 денари е.
Девојки, каде да најдам убави плетени беретки и шал, строго еднобојни? На шал мислам од тие големите, волнените шо се превиткуваат околу врат (ако ме разбравте ).
Во продавницата на ДукиДасо во ГТЦ имаше плетени беретки во сите бои, не повеќе од 200 денари. А такви големи шалови има во Теранова, околу 600 денари.
Шал голем, волнен, еднобоен - има во една продавничка за долна облека и такви ми ти ствари, во Влае кај зградите. 200 денари, а немаш поим колку е само мек и преубав!!!! Денеска баш ги видов, има кафеав, снежно бел, бордо, портокалов, виолетов.. Немав пари во мене, инаку тој бордото уште од одма ќе беше мој
сакам да си купам VANS патики, но порачани од страната. http://shop.vans.com/catalog/Vans/en_US/home/index.html дали знае некој како можам да ги порачам, како оди плаќањата итн...ако некој знае нека пише овде или во лп
Има во Jambo а има исто и во DM маркетите околу сто и несто беше баш прееска го видов...ДМ имаш во GTC и во CityMall...
Има. Елена од форумов ми кажа дека имало на битпазар, поточно во некој магацин кај албанскиот театар. Се вика Suk-impeks/magacin.