Каде во Скопје има убави фармерки цевка, по цена од 700-800 денари сега на намаление и блузи на тричетврт или на долги ракави така поинтересни како за излегување по 300,400,500 денари? Има такво нешто во Њујоркер, Бершка, Страдивариус? Планирам да одам за Скопје по други работи, ама кога веќе ќе одам, сакам да си се подновам
Има еден чичко одма тука пред Фемили шоп стои секој ден преку ден,и ги има овие чантички а и на зеле пазар ги има исто така и на битпазар кај автобуската кај женичките на картонските тезги значи не во пазарот по цена од 150 до 100 денари максимум. Ги видов во бела,црна и крем боја.
Утре одам за Скопје и треба да купам милион работи, се спремам за на пат . Со оглед на тоа што немам ииич време би сакала да ве прашам дали знаете каде можам да ги купам следниве работи по пристапна цена : - Ankle boots ко на сликава - Полугумени чизми, нешто како тие на Сефора - Мал фен, ама од оние ептен малечките ; - Сиво сако ; -Ранец бр 1
Такви чизми имаш низ ГТЦ, и тоа во повеќе продавници така да мислам дека таму ќе можеш да најдеш, а сако мислам дека можеш да најдеш во Еко на пример, а неверувам дека не ќе ти се оди во Шутка, но како излезна ситуација имаш таму со гаранција. За другите работи незнам
Сиво многу убаво сако јас си купив во рамстор во Групофиори за 690 денари.. јас пишав еднаш ама не добив одговор, да си прашам уште еднаш дали некој видел вакво сако или барем слично во црно-бели линии
Венс патики видов во Сити Мол, ама не знам како се викаше продавничката.. Беа на намаление од 3500 на 3000.. Искрено не ми текнува на името, знам дека имаше повеќе брендови во истата продавничка, ако не се лажам имаше и Timberland и Lacoste. Кога одиш провери на тие мапите продавници за обувки или спортска опрема и провери ги сите
Моите чизми се од Зара, нема повеќе такви, меѓутоа види да не има нешто слично. Инаку се комбинација на кожа и антилоп, не гума. Со гума има во Tommy Hilfiger ако ти се фрлаат многу пари. Сиво сако во Зара, Манго и Pull and bear! Сега на попуст треба да се доста евтини, квалитетни се и со добар крој.
Мама, види во Ангротекс (така мислам дека беше), спроти Мекдоналдс во Центар Цена не знам, ама знам дека има сигурно...
Види во Стружанка, таму сум гледала и по оние дуќанчиња каде што се продаваат крпи, бадемантили, бањарки....а такви, ама секси има во Сара фешн