Во Њујоркер има такви блузи на тричетврт ракави,многу се убави јас баш денес си се подновив.Има по различни цени.Некои се намалени и на 350 денари
Каде може да се изработи ланче со збор по моја желба? Еве конкретно името, како на Кери Бредшо. Само немојте да ме пратите кај оние на плоштад со жица, сакам да биде барем слично како на сликата. И второ прашање, пак за ланче. Со симболов на бесконечност, некаде...?
Каде низ Скопјево има најобично црно џемперче со копчиња напред или евентуално сиво? И да биде со нормална должина, а не под задникот. И евтини фармерки, најобични цевка и да бидат темен тексас?
Сандаливе (копија ) лани летоска ги имаше во Зара, сега дали има некои слични незнам, ама можеш да побараш на E-bay или Asos да не има нешто слично, или па да почекаш некоја феминка да те извести ако има детектирано некој сличен модел кај нас
Годес, овие со мала измена (ќе треба да ја извадиш машната од позади ) би биле приииииииближни на Маноло...
Како второто ланче имаше по каталозите на AVON, некоја програма беа мислам дека за заштита од семејно насилство. Сигурно пак ќе го стават.
Spoiler Девојки ќе ве замолам за HELP Убави хеланчињава ми се ептен барем едни да си имам онака чисто. Арно ама, гледам многу тенки се некако и на Бит пазар бев најдов ама ептен тенки и XS или S се. Исто бев и на Зелен пазар и таму исто Бев и на Шутка и таму исто тенки се некако. Па сакам да ве прашам кај можам да најдам вакви, но да се подебели и да се шират. Spoiler Не сум буце, но си имам малку батачиња така и имам 69 килца и затоа барам некој што се тегнат и така маааалку барем да се подебелки
Црни џепмерчиња видов во Terranova, а на попуст фармерки имаше во Euroasia, а имaше и во продавницата што е на почеток од ГТЦ, таму секогаш има убави фармерчиња до 1000. (продавницата се наоѓа спроти влезот на Soravia, блиску до продавница за украси од Македонија, македонски знамиња и слично