Девојки, кај да најдам салонки црвени, но однапред да бидат со ремче и не со астрономска висина, туку со најниска платформа?
Да провериш во Мана Слично вакви имаше во Пренди Јас не си најдов од тие кошули како што се со камуфлажа нигде нема. Е ваква ми треба
Добро, кај има низ Скопје беретки ама квалитетен материјал и да не се вакви туку покласични малку? (Не можам да најдам слика моментално по мој вкус). Секаде кај што бев се некои.. штрчи материјалот од нив. Не мора на попуст.
Во Џамбо има секакви,јас си купував алатки за во кујна минатиот месец: шпатули,ножиња,калапи. Цените се од 59 денари па нагоре.
Ако бараш нешто вакво,пошто такви сватив дека бараш јас си купив уште пролетоска во оноа бутичено кај кино милениум во гтц на 1 спрат Мис Шоп Шус и тогаш беа 600 денари,побарај ако има уште.
Имаш огромен избор на Зелен пазар, но нормално не внатре во Зелен пазар, кај пиперките , туку напред каде што има и облека, додатоци, лакови за нокти. Има различни модели, бои, материјали, ќе мора да се најде нешто по твој вкус.
Во Адамс шус (ама оној во трговскиот Антико во Карпош 4) имаше салонки со ремче, црвени, на Бијана, 2.2оо ден. Многу се елегантни.
Побрзај во Suite Blanco во Сити мол на втори кат. Јас вчера си купив зелена за 700 денари, од скај, ама мн квалитетно изгледа. Имаше зелени и црвени, на попуст се.
Мислам дека алките се направени како од некоја гума. Такви врвки можеш да најдеш во повеќето книжарници или продавници за играчки, гифт-шоп и слично. Потоа ќе можеш сама да си сплетеш како што сакаш, а мислам дека такви алки како плетенка видов и во Terranova ама не од таков материјал, и малку по широчка Рагби топка, сигурно можеш да најдеш во продавинца за спортска облека, а ако мислиш на преничиња, привезоци, шалови, чаши и слично од Барселона, дел можеш исто во спорстка продавница или во они продавници со плишани мечиња, играчки.
Ме навеа другарка на една линија за коса, ама од странство и се и двата производа. Ова е марката: http://www.kerastase-usa.com/ Не можам да речам дека првпат слушам зашто имам блогерки читано дека ги фалат претерано по постови за нега на коса. Ама друго е човек што го знаеш кога ќе ти наполни главата, па ме интересира дали воопшто има нешто вакво кај нас (иако сум скоро сигурна дека нема), и каде во странство најблиску би можело да се најдат?
Девојки, да не знаете каде можам да најдам ленти за трчање ? Знам дека има во неколку продавници, али таму се по 20 000, ми треба некоја понормална цена.
http://sphotos-e.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 0768_n.jpg Ваква кошула некаде низ Скопје имате видено со некоја нормална цена?