Имаше некој пред мене прашувано,но немаше одговор Вакви кукли(незнам точно како се викат) каде може да се најдат?
Незнам дали е за тука прашањево ама темава најсоодветна ми изгледаше.Да не знаете каде има книгички за хороскопските знаци? Ама не за сите знаци туку за секој знак посебно?
Порано ги имаше во поелитните фризерски салони, мене ми ги имаат ставано на косата, ама мислам дека сега повеќе не ги користат фризериве, барем јас не сум ги видела. Штета , стварно беа ептен добри, ко свила ја правеа косата.
http://sphotos-c.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 3951_n.jpg http://sphotos-c.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 4168_n.jpg каде?цена?
Ќе ти речев Макпримат, ама не се кожни, но се доста квалитетни за цената, сега какви модели има моментално не знам, но имаат и 10% попуст. Инаку видов убави чанти во Горица трејд, таму се кожни. Имаш во ГТЦ негде карши Манго би дошло отприлика. Има и во ТЦ Бисер. И во Алпина има кожни ташни, во продавницата нивна карши Тренд имам видено. А си влегла во Мона за да видиш дали ќе ти се бендиса нешто? Почнат им е и попустот. Колку што има класични модели толку може да се најдат и модерни ташни.
На Бит Пазар, има една продавница сите ташни им се по 500 денари, а и има многу убави модели. ОД Аванти надолу се наоѓа, кај златарите што се
^^ Јас па баш пред некој ден бев во Мона и се испозаљубив во чантите. Преубави има, мислам дека сега има доста повеќе избор на убави чанти за помлади од порано, веќе не им се толку класични моделите (мене ми се допаѓаат многу тие што имаат синџири наместо рачки ) Но добро, секој има различен вкус, нели Он топик, се намерачив да си купам мали златни обетчиња (бело злато). Знаете како се движат цените? Значи сакам онакви ситни, малечки, што може да се носат секој ден, по можност цветчиња Вака нешто
Женски, дали некаде имате видено вакво или слично прстенче.. ептен е срцкасто, се заљубив.. не мора да пишува love.. само барам некој таков сличен модел
Една феминка ме упати во Шутка,и благодарам,но сепак нит се снајдувам таму,нит знам каде е,нит сум била.Не ми е проблем да купувам таму,ниту ми е испод чест,ама сепак би ве замолила да ми кажете ако сте виделе на некое друго место.
http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =585%2C400 http://www.facebook.com/trendi.devojki тука има такви алки,види си и не се многу скапи
Идентични пробував до пред некој ден во Tally Weijl. Многу ми се свиѓаа, арно ама ко ги пробав ко хулахопки некои тенки да носев. Ептен беа прозирни. Цената им беше 1390 ден. Најдобро види си ги лично, може тебе ќе ти се свиѓаат.
Јас овие ги видов на онаа страната на ФБ -модни додатоци, 1400 ден. Ама не знам, ризик ми е да порачам така на не видено. А и некако мн ми е 1400 ден за хеланки