Луѓе веќе не знам каде да барам, никаде не можам да си најдам чанта каква што сакам. Пред некое време ме советуваа да барам во теранова, слатки се - ги видов, ама премали за мене. Вчера добив шок кога видов дека таква чанта каква што барам имале дукидасо во летниот каталог. Ги исконтактирав, ама повратен одговор не добив. ВЕ ЗАМОЛУВАМ, ако некој има забележано некаде чанта слична на овие во подолниве слики, средна или голема, споделете ја информацијата. Благодарам!
Јас нарачав преку интернет,не сум се вклопила во форумов сеуште и не знам дали е можно рекламација на продавници па затоа, ќе ти ставам во порака да видиш
Жени колку се движат Converse старките ама ниските, не оние над/до глужд туку обичните класичните под глужд? Глужд бе, што збор ќе беше.
Кај можам да најдам од овој тип на наочари, ама не за сонце, туку рамката да е ваква , тоа ми е важно
да само што број ќе си начекаш, инаку цената им е 2790 ниски 2890 високи на се има попуст на нив не. Инаку на текстил во конверс има 60% попуст
Ваквите 990 денари се во аутлетот во Мавровка. Има и детски, и мали и големи, и машки. Вреди ептен да се погледни
^^Мене ми требаат секако нови патики, дека иде лето мислев да си земам старки некако најсимпатични ми се од сите патики за летно време, но искрено очекував дека се поефтини до кај 2000 ќе дадев, ама па сега со ова цениве близу 3000 некако се думам, за +1000/1500 можам да земам Најк, Адидас и сл. цела година да можам да ги носам а не пролет-лето. Обавезно ќе идам до Мавровка, да видам што има можда ќе ми се потрефи нешто. Фала женски .
Девојки ако може помош . Да не знае некоја од вас каде се купуваат само потпунки за градник ? Имам еден што го порачав преку нет ама не знаев дека е без потпунки а пошто имам мали гради очајно ми требаат
Вакви закачалки? Ги имаше во џамбо и таман денес се решив да ги купам, ги нема На друго место некаде? Или па постои можност да ги вратат пак? Да почекам или?