Каде да си купам?..па и на попуст плус Сестра ми беше еднаш ништо немало ептен слаб избор. Еднаш случајно пред натпревар отидовме и што да видам... прееееееееполни беа полиците избор многу. Ама се сетив зашто. Тоа беше септември, само што заврши летниот попуст и донесена нова есенска/зимска колекција во продавниците, па старите модели се префрлени во аутлетов. Така да битен е многу и терминот. Среќа треба да имаш. Ама искрено јас аутлет продавница во која е старата колекција очекував мноооооооогу пониски цени, намалување на 50% не е аутлет. Секој кој во странство бил во аутлет ќе се смее на овие цени од 3М во Борис Трајковски. Ама од друга страна тие се најефтините спортски патики во Македонија кои може да ги најдеш.
Каде да си купам?..па и на попуст плус Епа вака, можеби моево барање ќе ви биде малку смешно, но ајде ќе ризикувам Каде сте виделе нешто вакво? Кога барав по продавници секаде имаше обични памучни (бапски) или пак оние цели чипкани. Сакам нешто како овие погоре. Дали знаете каде има? Само не ми кажувајте Лиска пошто не ми се дава 1000 денари за едни гаќички
Каде да си купам?..па и на попуст плус Во аксесорис, до најк во новата зграда пред есм.По 500 денари се, сличнио на овие и многу убави.
Каде да си купам?..па и на попуст плус Accessorize! Еве и некои од моделите што се на попуст. Мада јас не знам дали кај нас ги има баш истиве, и баш на попуст. Во секој случај има преслатки модели, баш се подновив јас пред нова година, од оние со карнерчиња
Каде да си купам?..па и на попуст плус Мислам дека не е ИлКамино..не се сеќавам баш најдобро, малечка продавничка имаше залепено на излогот дека има акција плати едно земи две Не е битно, ако некој загледа такви штикли, нека ме извесати и за цената исто така
Каде да си купам?..па и на попуст плус Баш такви штикли нема во Ил камино и во таа малата ако мислиш на онаа што е кај киното. Денес шетав низ градов и баш клот црни, без ништо јас не најдов. А да имаше во онаа што е во редот со Јуник, незнам како се вика, ама таму се многу скапи.
Каде да си купам?..па и на попуст плус И јас неодамна бев во Ск ама накратко, побарав низ ГТЦ, вакви не најдов.А немам многу време да шетам, мајка ми оди таму од здравствени причини, прима терапија и за неколку часа се враќаме..така да ограничена сум со времето.Затоа си прашав ако знае некој кај да барам да ме упати подетално Инаку фала ти Марамке
Каде да си купам?..па и на попуст плус На пазарче имаш вакви гаќички по 70-100 денари се, има една тезга, многу убави има 500 денари за гаќа Што е многу, многу е.....
Каде да си купам?..па и на попуст плус Има во тинекс кај мене горе . По 100 денари најскапите се , а и вакви има . Јас имам неколку пара. Ако се сака , може да се најде .
Каде да си купам?..па и на попуст плус Јас видов на зелено пазарче вакви по 70 беа. А каде кај тебе горе во Тинекс Има интересни ? Да се подновам со уште некој пар сакам
Каде да си купам?..па и на попуст плус Епа во тинексот во Ѓорче горе има неколку тезги со долна облека
Каде да си купам?..па и на попуст плус од кај си купам шубара, знае некој некое место у скопјево ??? барам цел месец ама немам сретнато голема работа ке ми заврши некој ако ми пише
Каде да си купам?..па и на попуст плус да не знатене да е има во јуник некои специјални понуди?? Kупи 1 добиј уште 1? или нешто слично??
Каде да си купам?..па и на попуст плус Има прашај си ќе ти кажат, знам Bonjour cosmetics секогаш имаат и тоа добри понуди, имам видено и Loreal или не знам која фирма добра знам беше ама многу сомнителни ми беа производите од пакетот како да поминале 10 зими и лета по опаковката А има и во Шатце понуди такви. И во Тинекс Космо.
Каде да си купам?..па и на попуст плус Девојќи вие сте од многу градови , па ве прашувам дали во вашите градови има дебели спортски сиви тренерќи марка било што Nike , Reebok , Adidas , Lining , Puma и многу ддругии , значи не ми е важна која марка ке се а и не треба голем број 157 сум висока ,а и слаба така да не треба до големо бројче... Ааа и цената колку е од прилика докај 3000 денари или можда повеќе или помалце , а тренерки горен и долен дел
Каде да си купам?..па и на попуст плус Шубарите во Веро доле се 3300,јас прашував и пробував.Од чиста кожа се. Него...алки сега што се носат,различни и по изглед и форма и дебелина,во Аксесориз многу е премногу скапо,за алка 300 до 800 денари( и повеќе),аха...можда и ќе дадам.Така да,некоја поевтина варијатна,енибади?! И да ми препорачате кармин,сјај било што за нјуд те гол изглед,да изгледаат усните така тро побледо.Се што имам пробано или не трае или се пика во наборите на устата и изгледа испукано,многу осетлива нијанса е.
Каде да си купам?..па и на попуст плус Лилит омилена моја бижутерија е Софи карши Манго и Аб доле во подрум. Имаат понормални цени. Акцесорис стварно имаат одличен накит, ама што е многу многу е! Јас не давам толку пари за накит, па ќе додадам уште некој денар Сваровски ќе земам Висока цена е тоа за бижутерија. Ако не ти се брза почекај нели ќе одиш јужно кај соседите на шопинг како што планираш ќе најдеш одличен ефтин накит. Значи гледав H&M прстени, беа по 2.5 евра, а тука кај нас слични од 400 па нагоре се. Посебно во Евроазија накитот 3 поефтин е во Бершка во Солун. Плус нивниот акцесорис дури и поевтин е! Може истите алки ќе си ги купиш за помала цена. А Јова4е многу сакаш за 3000 денари брендирани тренерки. Во Адидас од 5000 па нагоре се. Пума и Најк исто скапички се. Така да може само аутлет во Борис Трајковски да најдеш поефтино, ама се сомневам дека има голем избор на тренерки а посебно сиви.