^Колку кеш им бараат? Јас силиконски додатоци за пети и прсти си земав од Џамбо (во делот кај што стојат стегачи, турпии и сл.) лани негде, не беа повеќе 100 денари по калап а одат во пар. Не се влошки туку како потпунки му доаѓаат ги ставаш во чевлата и се лепат и нема шанси да ти мрдне ногата.
^ Јас такви силиконски земав од ДМ, 155 денари се. Супер се ептен, ем полесно се оди во штикла со нив - ем ногата не ти мрда никаде. Спиди, ако мислеше на такви, ете и во Џамбо има и во Дм.
Во Струмица каде можам да најдам обични бели,црни маици.Но горе рамката да е подебела http://anntaylorloft2.richfx.com.edgesuite.net/image/media/293826_6600_gmd323x335.jpg Не вака И вакво
Цаци, провери во продавничките кај што продаваат долна облека. На Булеварот кај кружниот тек имат неколку такви продавнички - на страната откај маркетите имаш Сара фешн (јас од таму си купив спортско елече) и на спротивната страна има отворено уште еден таков дуќан Интимисими, некоја таква варијација беше. Се наоѓа малку подоле од големиот бутик на „Пар“, после „Просветно Дело“. Нема шанси да го промашиш. Имаат убав избор на маички, сум гледала, а спортски елечиња држат гарант. Исто, има таков тип на продавница кај задниот влез на Трговскиот, тој спроти „Тинејџер“. Веднаш лево од влезот е, тесен дуќан ко стакларник.
Ве молам упатете ме каде можам да си испечатам маичка, сакам со знакчето на Guns N' Roses, па така ако некој некаде видел да се продава таква маичка готова уште посупер )
^ И јас така во слободно време си пребарувам по нет и помагам на форумџики Еве што најдов http://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=216760005006341&id=216759065006435 http://odgovori.mk/q1247 Пребарај низ златна книга, има бројчиња од печатници (да не ги пишувам сите ) А за купување, имаш проверено во Југотон?
Кај ЈБТ, поточно лево од ЈБТ во црвената кула кога одиш по патчето за накај Рамстор ... не ме бива бе за објаснување
Некаде низ Скопје капут,ама подебел? Само не ме праќајте во ситимол вчера бев таму и немаше :/ знам дека им е помината сезоната ама....така да ако знаете некаде во гтц,рамстор...упатете ме
Би знаела некоја каде можам да најдам црна блуза со отворени рамења? Нешто како ова. Уф колку сакам ваква
Вчера си купив од Макпримат на попусти им се капутите.Имаат ептен квалитетни и дебели.И предходниот ми е од таму, и го носев некои 4 години по ред.Да не го запалев у кафич мислам дека уште толку ке го носев,бидејки ни копче не се отпара за овие 4 години.
Ова можеш многу лесно да го направиш со било која блуза Еве ти туторијал, погледни како, па сечи http://www.youtube.com/watch?v=jCpI-3VFK5Y од 1:30 почнува туторијалот
Девојки дали знаете каде има во ск вакво млеко за тело и спреј? Како овие vanilla и raspberry? Веќе некое време ги барам и никако да ги најдам
Девојки, дали знаете кај можам да најдам машка еко-кожа јакна до кај 3.000? Сакам на дечко ми да му купам за роденден ама незнам каде да најдам зошто барам да е кафеава/ темно кафеава.