Убав машки новчаник до 2000 ден. максимум? Да е сосем обичен, значи на преклоп, по можност да нема ни такво со копченце... ништо посебно значи, едноставен и клот - црн, кафеав или тегет. Вака од прилика. Каде да се упатам, да не акам и лутам многу?
Sorbino/ Sorbento незнам како точно се вика, во ГТЦ се наоѓа до Адидас најгоре. Има многу убави едноставни новчаници. Исто, поефтини новчаници ваков модел има во Дуки Дасо, до кај 500 мкд. Во Рамстор, продавницата кај што се продаваат патни куфери, исто има и новчаници. Незнам како се вика, најдолу е- негде наспроти Алтинбас, така би му дошло. Нема шанси да ја промашиш.
Дечко ми ваков (буквално ваков) си зема од Елит, онаа првата тезга кај што има чанти, ремени. 500 ден. беше, продавачката даде забелешка (која не ја земам многу во предвид) дека бил квалитетен. Засега е.
Таа цена ми врши многу работа, јас си реков ајде да не одат прескапо (марка, шарка, што ти знам таму). Не дека нема и од 100 и 200 евра де, ама ајде си викаш, додај нешто плус, да не испадне неквалитетен, иако реално секој новчаник си има рок на траење, т.е. абење. Фала девојки.
Во Беатина мислам се вика на почетокот на ГТЦ кога влегуваш од страната на плоштадот одма од десна страна-1000ден- преубав е, сега за сега се покажа и квалитетен, а има и во ГТЦ горе во Горица трејд кожни по 1000 денари. Кога сум веќе тука да не знае некој каде можам да најдам подлога за вежбање, онаква ко за аеробик и која цена се од прилика?
Bershka ( City Moll ) има многу убава, мене ми се допадна многу ама штета, имам веќе една кафеава кожна, лани си ја земав од Евроазија во Рамстор, види и таму.
Во Џамбо има, само не ме држи за збор не сум сигурна колку беше цената бидејки гледав и други работи па измешав ама мислам дека околу 300 ден.
Во Фиори во Рамстор, по 700 денари се - преубави модели има од тие што бараш. Другарка ми си зема пред некој ден, побрзај се трошат вртогаво...
Извинете за офтопик, ама што е филмањево со српскиов? Девојче, пишувај си македонски, барем да знаеше добро спрски па да си го возеше филмот дека си србинка, ама вака...смешно е.
Епа вака Штипка за коса, машничка, со ваков механизам! Само да не биде од оние малите машнички, нека биде поголема (само не волку драстично како на сликичкава, не најдов друга по соодветна) Ако не предложете некоја продавничка со некои по штосни машничи, штипчичи, цветчичи само не аксесорајз плис
^^ Работава испаѓа, ја нисам одавде. Него, EmGreen, види во Ботони. Ако не вакви, нешто слично обавезно наоѓаш со ваков механизам.