Девојки кај да најдам убави кондурчиња на плута,со врвчиња сакам вака за Пролетинава , има негде донесено?Сакам да не се претерано високи да можам и за на школо да си ги носам..
имаш на бит пазар цената им е од 30-50 зависи од расположение на продавач(ка), и во акцесорис 200 на бит пазар прашувај гласно за нив,не разгледувај ги кријат позади како дрога да продаваат!
Во саботата гледав во продавницата на Gino Cori, спроти ресторанот Џино. Продавницата гледа кон Жена парк, на втори кат. Мислам дека беа 2500. И во Ексклузив на втори кат имаше слични.
Во Сити мол во Бата имаше такви. На попуст беа 2.500, кожени. Тие беа останати и на попуст и многу убави. Побрзај нема многу броеви.
девојки они памучни како шалвари што се доле со ластиче на глуждот знаете ли каде може да најдам и која цена се секаде има хеланки а такви нигде не сум видела ве молааам итно ми е
Ваква боја пантолони,по можност до 1000 да се. И некоја пролетна блуза,нијанса потемна од пантолониве?
^ Ваква нијанса на блуза (ваква значи, не потемна) видов во ЕвроАзија во Верото, 600 ден. беше. Преслатка и нежна праска боја.
Каде можам да ги најдам црните штикли/сандалки како на сликата со полна пета не многу високи и ремче кај зглобот? Баш исти како на сликата
Каде има вакви патичиња (само не розеви ) низ Скопјево? И дали знаете која цена се? Сликава е од колекцијата на New Yorker, па ако некој знае и за нив дали ги има и колку пари се, фала ви однапред
Баш пред една недела ги видов во New Yorker истите. Цената мислам дека околу 500 - 600 денари беше, не сум сигурна.
^ Овие 95% сум сигурна дека ги гледав во ДМ, ако и некој друг ги видел - нека потврди за секој случај.
^^ Јас ги видов во Космо, во Тинексот кај Машински што е, така што ги има кај нас. Покрај овие, имаше и други лабелца од Мејбелин