Срцки дали знаете каде можам да најдам од овбие огрлици и оние со се побогати за над косула со се носат или на топ? Поточно дали ги имате сретнато на некое од пазарчињава низ Скопје и колку парри се отприлика? Фала Ви многууууу
Скрос ист модел видов во Рамстор, во Тип тап или така нешто, најдолу што е продавницата за чевли, имаше и во повеќе бои, а не беа ни скапи.
Дали некој бил во скоро време во Бершка во Сити Мол да ми каже дали ги имаат штикливе да не ја маткам за џабе мајка ми до таму . http://www.bershka.com/webapp/wcs/store ... stilettos/
Да ја видов оваа понуда али видов и коментар на оваа понуда дека вакви огрлици се продавале по пазарчињава ама точно незнам каде да барам ...
Ваква боја, број 35, по прифатлива цена по можност. И вакви малецки шишенца.. одамна барам но изгледа немам среќа да налетам на нешто слично.
Женски кај има пастелни бои фармерки ? Планирам да идам во скопје така да сакам да знам во кои дуќани има и колку колку пари отприлика се?
Гломазна бужутерија прстени...со (не)астрономски цени???!! http://fancy.mk/Files/Jewlery/tumblr_mf ... _large.png http://data.whicdn.com/images/16508678/ ... _large.jpg плииииииииииииииз
вакви имаш во евроазија мн се убави ама мислам дека немаше мн останато така да иди побрзо а за цена не беа нешто мн скапи
Панталони во пастелни бои видов денес во Мана. Спојлер за да видиш какви се. Spoiler Цената им е 850. Мана има во Центар, на Првомајска, во Кисела Вода, и во Ново Лисиче. Повеќе можеш да најдеш на нивната ФБ страна http://www.facebook.com/MANAfashion. Бит Пазар. Бев денес и има големи прстени 50-80 денари, а стејтмент ланчињата се 150-200. Има и во Дуки Дасо, но се нешто поскапи.
Бит Пазар. Бев денес и има големи прстени 50-80 денари, а стејтмент ланчињата се 150-200. Има и во Дуки Дасо, но се нешто поскапи.[/quote] А каде поточно на Бот пазар да ги барам ланчињата?
Бижутерија на Бит Пазар има кај Бугарките. Ако не знаеш каде се, грубо да ти објаснам - кога влегуваш на Бит Пазар однапред, одиш право, и се наоѓаат на крајот, десно. Или вака, ако го замислиш Бит Пазар како голем правоаголник, се наоѓаат во горниот лев агол Најдобро отиди и прашај некој од продавачите каде се наоѓаат Бугарките
Во Pull&Bear има убави, слично како ова на сликата, има постава бела со линии што се гледа и на ракавите кога се завртени. Од новата колекција им се и чинат 1790 денари.