Во Тип Тап има слични црни, имаат и синџири, ама има само 40ка. Има и тегет но од нив не знам дали има или нема бројчиња, не прашав. Има во Hangaar ама се 1400, што според мене не е малку, затоа што пред месец ги имаше во другите продавнички накај Бит Пазар и беа по 500 денари, но веќе ги нема. Денес ги видов и во Principe во City Mall, имаше тегет и маслинести, и беа околу 800. Крстовите се многу популарни во последно време и, барем јас, ги сретнувам на секој чекор. Јас си купив блузонче со крст од Певекс, нешто слично имаше и во Пренди. Имам видено и во New Yorker, Terranova, Bershka...
Еднаш пишав но никој не одговори. Ми требаат оксфордки по прифатлива цена,број 35,а боја по можност пастелна или потемна. Spoiler И нешто слично - Spoiler
Тесни бели фармерки? Ама со ликра да бидат онака скроз уз тело,не од некој крут материјал.До кај 1000 денари
девојки била некоја од вас во Манго сега брзо? Ги имаат ли овие? Матријалот каков е? памучен како тренерка? Или пак овие во страдивариус дали ги има? Бев пред некој ден и не ми текна да проверам за овие, ама добар дел од тоа што е на страната го нема во продавницата. Барам вакви како тренерчиња, цената не ми е битна Посебно ми се свиѓаат овие на страдивариус ако ги има идам одма ги купувам
^ Има, ама надвор од скопје.... Сите сте запнале во Скопје да барате работи. Барајте надвор од скопје. Верувајте дека многу од работите кои ги купувате од Скопје се на пола цена надвор од него
Оксфордки има во Адесо ( мислам така се вика,горе у ГТЦ на први,до она Шантел,истотака за кондури),,калапите им се мали така да би требало нивната 36 тебе да ти е точна...Да знаеш имаа голем попуст али пошто почна пролет лето сезона можда ги вратиле на стара цена,како што обично и прават !! И провери и во она Мис Шус ,како и да се викаше,исто горе на први одма спроти кино Милениум!! P.S.за кошулата појма немам!
Како тренеркиве знам дека имаше во грчкото Бершка, кај нас незнам, ама би требало да има, а ист ваков модел имаш во Њу оркер мислам 800 им беше цената. Само ако ти се за вежбање не ти ги препорачувам, имам јас од Калиопе и не ги бива за таа работа да знаеш.
Мила ако сакаш ваква суќна имаше во Мана во Скопје видов кога доаѓав во саботата а иначе оваа може да се направи.Еве линк. http://www.youtube.com/watch?v=El8z3vzpqhg