Итно, најитно !! Ако некој бил скоро, има ли барем еден од овие два пара кожени панталони во Zara ? Да знам утре да тркнам најитно, или да си чекам понеделник за убавициве.
Оди во Пренди, купи си ги за 200, само пази кога ги облекуваш тегни ги за коланот, а не за гајќите оти лесно се кинат Ако евентуално ги скинеш, прави се луда и земи си други , ама дома да си пазиш И јас бев скептична за панталоните од Пренди, се додека не ги пробав.
Баравте оксфордки ми се чини. Бев прееска да и правам друштво на другарка во Шантал (како и да е името) и имаше пристоен избор. Во продавничката што е до Шантал имаше исто оксфордки 2200, преубави.
Девојки ве молам за одговор. Каде и по која цена можам да купам оригинални Ray Ban очила за сонце од оние како полицајски што се со танки рамки. И цената ако ја знаете многу ми е битна
rrrrrrrrr има на ФБ една страна купи од интернет или купи ефтино не се се сеќавам и ме изненади една понуда такви рејбанки за 2000 ден,јас имам и ги купив 8 пред година ипол од оптика во трговски,не знам дали е фора ако можеш да си провериш вака примамлива понуда ако се оргинал,они ги нудат ко производи на лагер 3 модела имаат само
Било која оптика, има во Диоптра, Цајс... Оригиналните наочари се околу 120 евра ако начекаш попуст, ако се поефтини не се оригинал. Цената зависи од стаклото, дали е поларизирано, метализирано или обично. Поларизираните се обично 30-тина евра поскапи.
Цаци, вакви кај нас слабо, да не речам ич. own: Јас си купив обични црни и бели маички на кратки ракави и однесов да ми ги испечатат во печатница. Контактирај преку ЛП на Фејзбук со Штосни маици или во онаа печатницата Дело/Дељо, некаде накај ЕВН низ тие сокачињата. Мислам дека дури и не мораш да бараш маици, прашај за секој случај - штосни маици чинам нудат од нив, само ќе си кажеш бројче - така некако беше.
Па по мене се доста евтини. Не видов цена ама над 1000ка не знам дали се продава нешто таму. Боите стварно не ми текнуваат, црно и крем, натака не можам да се сетам.