Жени и женулиња по долго размислување решив да се обратам тука, бидејќи знам дека голем дел од вас сте информирани и ќе ми излезете во пресрет, иако не сум активна на форумот. Ми требате за да ме упатите каде да барам долг фустан, не премногу елегатен(ова подразбира без црикони, тул, машни и пропратни дрангулии), нешто по минималистичко и нормално, со земска цена. Не мора да е во Скопје, поважно ми е да не е некој фустан со милиони реплики во кој е дотеран пола град. За да не се полни темата може да ми пишете и во лп. Фала ви многу однапред.
колку се ваквите кошули во теранова? или на некое друго место, каде има? и најобични секојдневни тексес фармерки?
Знаете како им е името на ваков модел на ланчиња, комбинирани со конец или без, или безразлика само со ситни каменчиња? Пробав под statement necklace да побарам но не ми излегува, не се такви, стејтмент се повеќето со плочки, овие се поинаков модел. Ако знае некоја од девојките кои повеќе ја пратат модата нека ми пише пошто сакам да си порачам едно вакво. Или барем дали знаете каде би можела да купам тука кај нас ако воопшто има пошто ја до сега не сум сретнала. Spoiler
Знае некоја феминка колку е фустанот од Боди Лајн (розевкаст е мислам,цветен моментално е на излог во Буњаковец)
Каде можам да најдам во Струмица слична ваква сукна со високо струкче но надолу кратка над колена обавезно...сакам да си купам една цветна сега за пролет/лето и една еднобојна било црна или др боја така за сите сезони да можам да си ги комбинирам на различни маички?
Девојќи ве моламм навистина ми треба.. Кажете ми каде можам да си купам некоја убава кошулка ми треба за сликање ама да не е над 1000 ден . Ве молам ми треба побрзоо ..
Девојки каде има долги убави фустани за на свадба ми треба, бев во ГТЦ и Ситимол ама таму се многу скапи
Ај питање, барам вакви салонки ама најефтини што може. Значи ако сте виделе некаде низ ефтини продавници до 1500-1800 максимум пишете, ако не здравје Ако сте виделе и поефтини и кафе ќе ве частам! Не ме интересираат скапи, не ми ги спомнувајте, не е фер да се лепам на излози, јес да срце ме боли за ваквиот модел во Фиоранџело, ама не, неможе вака предсезона јас да банкротирам ради едни чевли, не се давам Лаковани кремасти најбитно благо шпицести. фалааааа
Каде можам да најдам некоја маичка црно-бела во риги потребна ми е за 1ви април а да не е мн скапа пошто планирам да ја сечам ?
Kаде има мантилче налик ова ,бојата не е воопшто битна само да е со пристојна цена а не баснословна како оние во манго од по 4000 ден ?!
Си имам и јас ишјуз, на мајка не можам убава чанта да и најдам, грев ми е веќе, заслужила. Класичен модел, средна големина, да збере и нешто повеќе, ама да не биде падобранка или спејс бег. Реално над 600-700 ден. не можам да дадам, најмногу 1000ка. Црнааа, црнааа. После мајче ќе ве части нешто блашко, само да ја израдувам. Не ме упатувајте по пазарски тезги со `квалитет` едвај 2 месеци.
Лил бејби морав да ти реплицирам баш од бит пазар јас имам ташни што ги носам веќе 2 години ... Така да ако ти значи на Бит пазар имаш гооолем избор ,и цените се тука некаде до 700 ден најмногу.