Во Страдивариус има баш вакви мантили што ги носи цело Скопје. Лани беа околу 2000 ама сега се спуштени на 1400 (не ме фаќај за збор дека ценава е точна).
Може не е за тука, ама ај. Кој знае каде има течен латекс? Искрено ни јас не знам што е точно тоа, ама го користат за Халовин да си направат лузни како на зомби. А јас сакам така да се маскирам, па затоа. Ако некој знае нека каже
^^ Ги имаше во Џордан во ГТЦ, 30 денари. Уште го има, само прашање е колку останале од тие со штрумфови.
^ Во Боди Лајн, во Буњаковец. Истиот модел, имаш избор од неколку бои, сега да ме утепаш не ми текнува кои беа.
Каде да купам бели обични балетанки?Без шара без ништо..и да не се повеќе од 400-500 денари,затоа што за една употреба ќе ми бидат,после тешко дека ќе ги носам.
Нежни џемперчиња со ситна чипка? Нешто како овие : Видов слични во Џордан ама беа по 1300, 1400, некој да не знае случајно каде може да се најдат по некоја пофина ценичка ?