Девојки, дали некаде низ Скопјево сте виделе женски долги џемпери, ама да не се од материјал што се растегнува. Подолг пeриод барам по продавнициве низ ГТЦ, ама никако да најдам. Сакам отприлика ваков, па ако сте виделе некаде многу ќе ми помогнете
Имаш вакви слични и баш со пристапна цена во Њу Јоркер во центар, мислам околу 600 и нешто до 700 денари беа.
И јас ќе прашував за истите патичиња. Лукс, навистина толку беа? Многу ефтино ми дојде.. Баш ќе одам да видам деновиве.
Да има во Њу Јоркер, јас лани си купив за 700 денари, сиви имаше и други боички. Зборам за лани, ама штом Лукс кажува дека има и сега.. јас само да потврдам дека таа е цената
Вакви фармерки со цветови видов во теранова,имаше во повеќе бои,бели,сиви,кремасти...не беа поскапи од 1400..
Обична маичка без прерамки(топче) по можност со ликра? и да не биде многу скапо,до кај 300 денари еве вакво некое
Муабетот ми беше дека и јас барам но уште нема солидни резултати. Или ако пронајдам нешто добро ми кажуваат цена од која го промашувам излезот Е до толку не ми е потребно А и ова е корсетче, не обична маичка.
Да не знаете каде по продамнициве може да се најде купаќи ? Немора да се нешто којзнае што, обични ми требаат и да не се толку скапи?