.... освен на опак попуст во Бела... лани купив на 70% попуст за 1000 ден свилена кошула ама со кратки ракави ако ти помогна информацијава- топ
Зошто да не наоѓа? 1500 - 2000 се сосем доволно и премногу за кошулка. Само многу ретко да пронајдеш вистинска свила. Продавнициве се преполни со производи од неквалитетни материјали.
Ајде те молам кажи ми каде поточно се наоѓа ова Белисимо [/quс се извинувам што не пишав веднаш Белисимо се наоѓа во ГТЦ на II кат еве и нивна фб страна https://www.facebook.com/BelissimoGtcSkopje?fref=ts
Ваква сукња имате видено некаде, оваа должина да е и вака уз тело да иде, не многу скапа онака како памучна да биде од оној растеглив материјал...
Убав тексас фустан горе тесен, надолу широк, и многу убав, видов во Фиори во Рамстор, и беше релативно евтин, слично на ова, само светол тексас
Знам дека напнав, ама ве моооолам, многу ми е битно, ако сте виделе во Скопје бели пантолони и бели рамбовки да ми кажете итно ми е, ве молаам
Да, во секоја продавница можеш да најдеш бели панталони и рамбовка бела. Јас последен пат видов во Теранова сабајлево! За цените незнам.
Женски да не имате видено некаде по Скопје вакво фустанче? Со чипка, по можност тегет како на сликата, може и горе како корсет битно нешто во овој стил? Ќе одам викендов па да знам кај да барам.
Девојки дали знаете каде во Скопјево можам да си најдам убави балетанки,али не толку скапи?.. Ај предложете ми некоја продавница,кажете ми каде има така поубави модели
Сега можеш да најдеш речиси низ секоја продавница. Почнаа веќе да носат пролетни колекции. Јас си купив црни со златно врвче кај тутунски комбинат, кога одиш накај Кисела Вода. Имаш во тој ред, после семафорите кај тутунски, неколку продавнички каде што има многу убави, до кај 1000ден. Јас моите ги земав за 700ден. Ама пак ќе нагласам, шетав пред 2 дена низ градов и секаде има балетанки, убави и нови модели.
Сакам да ве прешам каде има да си купам, (незнам како се вика) за пунџи правење едно гумено.. се надевам ме свативте за што зборувам
^ Во Аксесориес сигурно имаш ги гледав пред некој ден, а ако сакаш поевтина варијанта, побарај во некои бижутерии или на пазарче, сигурно ги има Во Теранова имаш бели рамбовки и мислам дека има и бели панталони ама не сум сигурна. Цената на рамбовките им беше 229 денари, ако не се лажам