ве молам кажете ми каде да најдам јакна со нитни ???да ми кажете во кој бутици има и по која цена се движат? фала
заборавив да пишам и ташна со нитни!! значи каде може да најдам јакна со нитни и ташна со нитни? ако знае некој нека ми шише во лп
Девојки да ве прашам нешто, каде ли можам да најдам облека или белегзии или нешто слично ама да биди флуоресцентно т.е дали можам да најдам лак што свети навечер? Или пак некои морнарски алишта, така летни или некои обетки, ланче со сладоледи? Нешто летно што знајте кажувајте Помошшш Ве сакамм!!
Ваков, ама без циркончиња (како на сликата подолу), имам видено во Авон, е сега не знам дали го има во актуелниот каталог, но можеш да провериш Можеш да видиш и по златарите затоа има вакви златни/сребрени прстени. Има на Бит Пазар, Зелено пазарче... Calliope. „Кожни“ јакни со нитни последно видов во Euroasia и беа 990 денари. Има и во Terranova ама се нешто поскапи, околу 2900. Флуросцентен лак што свети навечер нема кај нас, т.е. имаше два (црвен и розов) во еден каталог на Oriflame од пред некој месец што наводно беа флуросцентни, ама не сум сигурна, не сум ги пробала. Ланче со сладоледи има во Accessorize, Miss Spicy, или можеш да порачаш од некоја страна на Фејсбук. Морнарски алишта, првото што ми паѓа на памет се блузи со риги, а евтини блузи со риги може да најдеш во Пренди, Певекс и Мана.
знам дека не е соодветно место за моето прашање меѓутоа не знам каде да го постирам пријатели од Италија Италијанци ми бараат гумаа за бришење молив ама да бидее македоското знаме каде мозам да најдам такво нешто се јавив во офис плус и во простветно дело немаат такво нешто позз
Кај можам да најдам вакви штиклички како што има девојчево од рекламава на Нутела? http://www.youtube.com/watch?v=IAFEVKrMfdk ?????
Девојки,вакви маички во различни бои,каде може да се најдат? Наједноставното најтешко се наоѓа...по некое непишано правило...
Lilit, вакви бејзик маички - скроз ист модел, има моментално во Страдивариус. Цените им се движат од 600 денари до 900. Секоја можна боја ја има. За поефтина варијанта, види во Евроазија во тој ,,запуштениот'' дел кај што можеш да најдеш свега свачега и колекции од пред 3 години. Само од тука не би ти препорачала, обично се развлечени и никакви, а со бројчиња стојат ептен слабо. За тие што бараа пастелна боја на панталони, Тејли Вејл и Теранова ви се најдобра опција. Огромен избор, а приступачни цени. Во Принчипе женското, до 1000 се. Ептен убави модели има.
во Битола каде има маички бели по можност,со апликација на Ајфеловата кула во црна црна боја,со апликација на женско лице...во таков стил некои маички,се надевам ме разбравте
Вакви маички имаш во винка виница 250 денари и на зелено пазарче има тезга на винка виница и се 190 денари. Имаш на кратки и на долги ракави.
во Певекс секогаш се наоѓаат вакви маички во V израз или обични (убав квалитет) по 150-200 ден, провери.. јас имам еден куп од таму купено, што на кратки, 3/4 или долги ракави
Во певекс имаш во сите бои да бираш со ластик без ластик,за 300 денари,јас си земав два пара сега се мислам за трет