Цел град го свртев ќе ви бидам благодарна ако добијам одговор, ова што сум го барала не било во мода абе ај... Барам сако мастило боја илу сино, само да не е Евроазија бројчињата не ми одговараат.
Пред 10тина дена имаше во Фиори во Рамстор, 1.000 денари беа. Од мастилното ги имаше сите бројчиња. Види дали има уште.
Kade mozam da najdam polka dot marama niz Skopjevo, edno vreme gledav vo pull and bear ama sega ja nema
Битола во принцип бутикот има многу евтини фуустанчина.блузички по 200,300 денари исто и кошулки има ефтинки.
Девојчиња итно ми треба син туш за очи, каде да барам? Ги преорав и ДМ, и Космо и сите можни места со вакви тракатанци, никаде не најдов. Ми треба итно за утре, ако сте гледале - кажувајте да одам да го земам.
Син имаш на Артдеко, сигурна сум дека го имаат секаде кај што имаат Артдеко. Поефтина варијанта би требало да има од другиве брендови Севнтин... ако не послужи се со моливче во таа боја, сигурно ги има секаде, ако не ти прави разлика дали е туш или моливче.
Од Орифлејм нема да и стигне одма. Анабела, јас видов на She во ДМ, имаше такви ајлајнери во боја, тиркизен видов, би требало да има и син.
Провери во Аванти мислам дека уште го имаат попустот, а во таа во Кисела Вода бројчињата што останале од тие што се до глужд има и по 400
Девојки, пред некое време ве прашав дали негде имате видено панталони во бордо боја. Ми рекоа да видам во Зара но таму ми беа скапи - не сакам да дадам повеќе од 1200 ден. Дали имате видено на некое друго место? П.С Значи сакам панталони, така по елегантни а не фармерка но на крај краишта ќе се помирам и со фармерки