Aман бре, не им испушта барем онака да стават некој попуст ? Не за друго, многу ќе ми биде криво сега кога ќе идам Виена/Прага да најдам некое моделче што го има тука и е со пониска цена, а таму да го земам + што е огин .. пишете ако ‘‘случајно‘‘ се смилуваат во Рибок, Адидас итн. за попустче
Незнаев дали ке имам одговор на тема фустани па еве ке пишам и тука. Може некој да ми помогне дали на слично вакво фустанче би одело палтиче кожно? Фустанчето е тегет ваков материјал, единствено место машната има патент златен и долу на колкот има еден патент златен. И каква боја и вид на штикли отприлика би одговарале? Фала однапред
Кога ќе влезеш оди десно накај влечките, папучите и од десната страна има само една тезга со чорапи, хулахопки, прашај за Халил сите на пазарот го знаат, после него има тезга со кикирики, бадеми... па има излез десно за надвор. Е кај Халил има хулахопки месо боја (така малце потемна) 100 денари се и многу многу стегаат. Не се во фенси пакување, мене ми ги дава во обично кесе. Прашај го кои му се подебели од тие што стегаат оти има и од 50 и од 100 ден.Земи ги тие од 100 ден.
Сакам да купам 11-12 капкејкс со солидна големина, ама нејќам да прашувам во Ooh la la и сличните зошто ќе ме фати како да купувам цела торта. Пригодата е посвечена и ако јас ги правам голема е веројатноста дека ќе ги утнам, а ми треба да се перфектно направени и нашарани. Ако знаете во некоја друга слаткара кај што еден капкејк е до кај 60 денари пишете.
Види во Канела, по порачка сигурно прават. Не знам за цена,ама доколку правиме споредба Канела - О ла ла , некако вториве ми се пооригинални
таа во рамстор мислам дека Tik Tac се викаше така некако, и во Camino имаше убави, а таа во Гтц мислам дека alvatrops се викаше не сум сигурна баш .
Ај да ви се пофалам, си купив и тоа три пара Многу си ги сакам, преубави ми се , инаку едните си ги земав од една продавничка до рампа во кисела вода 750 денари, а другите два пара од кинеската верувале или не за само 250 денари
Фармерки по можност со висок струк , така по ретро нешто како овие не мора да се до глужд , ама да се лепат за телото , исто така ме интересира шорцеви ама не тексас во некоја неонска боја во можност розева или фармерки во неонска боја ?