Девојки, почна сезона на балетанки Сигурно повеќето обавивте шопинг, па бидете денес од помош на едно ваше виртуелно и мрзливо другарче и дадете му насоки Барам балетанки, боја, модел не е многу важно, само да се УДОБНИ! До накај 1000че. Препорачајте продавница Некаде да сте купиле, да се погодиле, да не бидат "картонски"... м Ќе шетам како и да е, само да не испуштам нешто
Балетанки видете и во Принчипе женското, има убави модели до 1000. А од оние класичните со машничка тенка напред, во сите можни бои има во Њу Јоркер, 700/800 денари беа. И Маца ви кажа, обавезно проверете во Дора во трговски, ем квалитет, ем цена фина приступачна, ем стварно предобри модели држат.
Во ДОра ги има истите модели што ги има во К.Вода само поскапи за 300-400 ден. Според мене балетанки во К.ВОда тие на ќошот 4 продавнички и јас си купив едни од Горица трејд на попуст 800 ден. ама ептен меки и убави
ИТНО ИТНО Девојчиња да не има некоја видено ваков модел на салонки, црвена боја?? Никаде неможам да најдам, а ми требаат за матура.
Sw3et.Ang3l вакви имав забележано во една битолска продавница. Заборавив како се вика, а и fb страна имаат.
Јас еднаш прашав, ама тоа што го добив за одговор не ми помогна баш. Па еве уште еднаш: Дали некоја феминка видела хеланки (по можност црни), ама да имаат како „држачи“ на стапалата, како што се носеа пред едно 10 години? (ако ме сфативте на што мислам) Господ ме надарил во висина (кога веќе не го направил тоа на др.места) па на сите хеланки ми се креваат ногавиците ...
Моментално носам баш такви црни инаку ги купив од Евроазија Гтц пред една година мислам 350,вчера поминав таму и видов имаш со иста цена,ама не заглеав баш дали се со држачи
Ваква clutch ташничка (иста боја,кремаста) некаде низ Скопје, по можност докај 1000 денари? Само немојте Дуки-Дасо, ми се заврте во глава кога ми кажаа цена.
Прашањево не е во соодветна тема, но бидејќи СДП е заклучена, прашувам тука.. Да не знае некој каде можам да продадам БУНДА ( долга, и мислам дека е од црвена лисица )? Дали некој од продавниците за крзно откупуваат? И како се движат цените ?
Такви ама нависитна убави има во Аксесорис, ама цени изнад 1500 за жал. Е сеа штом имало во дуки и дасо некоја што ти се свија, најверојатно е дека некаде од Кина им е,зашто 90 посто од работите им се од Кина. Ако не ти се брза, и немаш многу пари за фрлање, оди на алиекспрес за дупло помала цена ќе најдеш иста или слична. Или на асос, имаше слични до 1200, а помалку се чека. Јас на твое место би идела со варијанта онлајн шопинг.
Во parfois во сити мол има вакви чантички, баш купував јас пред некој ден, поголемите се 2000 денари, а помалите нешто помалку. Во suite blanco имаше исто вакви модели, ама цена не видов. Ама бидејќи и јас шетав за чантичка, ако сакаш баш ваква одвои барем 1500 денари.
fajlovi/image/114482 Каде можам да најдам вакви штикли? Или оваа боја или црни, ако имате видено негде продавница и цена ако може посебно во Битола. Ќе ви бидам мноогу благодарна <3